Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Трансатлантските односи за време на новата администрација на САД

Импликации врз глобалната улога на Европа и проширувањето на ЕУ

На 31 март, Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) и Институтот за општествени истражувања МК91 го организираа вебинарот „Трансатлантските односи за време на новата администрација на САД: Импликации врз глобалната улога на Европа и проширувањето на ЕУ“. На вебинарот експерти и високи претставници од политиката имаа можност да разменат мислења и да ги споделат своите очекувања во врска со развојот на настаните во оваа област. На настанот присуствуваа повеќе од 50 учесници, вклучително амбасадори, пратеници, претставници на невладини и меѓународни организации, на академската заедница, како и млади политичари, КАС стипендисти и студенти.

Asset Publisher

Даниел Браун, официјалниот претставник на КАС во Скопје, даде воведен осврт на темата и иницираше дискусија за повеќе аспекти поврзани со предизвиците за трансатлантскиот сојуз во престојниот период. Тинко Вајбецал, Координатор за Северен Атлантик - Одел за европска и меѓународна соработка на КАС во Берлин, ја образложи тековната криза во рамките на Европската унија, различните аспекти на односите со соседството на ЕУ, предизвиците за проширувањето на ЕУ, како и пост „Брегзит“ околностите. Според него, новата администрација на САД сигурно ќе има влијание врз трансатлантските односи, но сепак стратегијата на САД кон Европа нема значајно да се промени. Џереми Стерн, нерезидентен постар соработник на Атлантскиот совет од Вашингтон, ги анализираше односите со Европа за време на администрациите на поранешните претседатели Џорџ В. Буш, Барак Обама и Доналд Трамп, како и општата глобална ситуација, вклучително и улогата на Кина и Русија. Тој ја истакна потребата да се задржи отворен процесот на проширување на ЕУ и да се спречи поткопување на овој процес од страна на други земји.

Своите ставови ги споделија и двајцата поранешни македонски министри за надворешни работи. Антонио Милошоски, кој во моментов претседава со собраниската Комисија за надворешни работи, даде ретроспектива на проширувањето на ЕУ кон Западниот Балкан, посочувајќи на минати и сегашни потешкотии поврзани со билатерални прашања меѓу некои од земјите. Недостатокот на јасна стратегија на ЕУ, нарушената перцепција на Унијата кај граѓаните во регионот, како и забавениот процес на проширување се важни предизвици со кои ЕУ се соочува на Западниот Балкан. Никола Попоски, кој е исто така поранешен амбасадор во ЕУ, говореше за аспектите на енергетската безбедност и придобивките од проширувањето и за земјите кандидати и за ЕУ, како и за трансатлантскиот сојуз. Дискусијата ја водеше директорот на МК91, Васко Наумовски, поранешен вицепремиер и поранешен амбасадор во САД, кој ги сумираше ставовите и изрази надеж дека ќе продолжи дискусијата за оваа и други сродни теми кои ќе обезбедат дополнителен придонес за поширока анализа на трансатлантските односи и проширување на ЕУ.

Фондацијата Конрад Аденауер заедно со своите партнери ќе продолжи да организира настани на кои политичари, експерти но и пошироката јавност ќе дискутираат за актуелни теми кои се од голема важност за земјата, регионот и ЕУ.

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher