Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Младинска политичка академија

Западен Балкан во контекст на актуелните безбедносни и економски предизвици по руската агресија на Украина

КАС во соработка со Унијата на Млади Сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ и Европските Демократски Студенти (ЕДС) од 01 до 04 декември во Скопје ja организираа Младинската политичка академија на тема „Западен Балкан во контекст на актуелните безбедносни и економски предизвици по руската агресија на Украина“.

Asset Publisher

Повеќе од 40 млади политичари од 25 земји имаа можност да дискутираат на особено важни и актуелни теми кои пред сѐ се однесуваат на моменталните политички, безбедносни и економски предизвици во регионот предизвикани од руската агресија на Украина.

Во рамки на Младинска политичка академија се одржа и средба на Советот на ЕДС (EDS Council Meeting), на која УМС со поддршка на КАС беше домаќин и во 2015 и 2017 година.

Настанот беше отворен со обраќања за добредојде од страна на Официјалниот претставник на КАС, Даниел Браун, кој во своето обраќање ja потенцираше важноста од единство на подмладоците на Европската Народна Партија за време на големите геополитички предизвици со кои се соочува цела Европа. На отворањето свои обраќања имаа и потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и Тимчо Муцунски, како и генералниот секретар на ЕДС, Иван Ботучаров и Претседателот на УМС, Сергеј Попов, кои ги поздравија учесниците и им посакаа успешна работа.

Работниот дел започна со панел дискусија каде говорници беа Александар Николоски во функција на Претседател на Националниот совет за евроинтеграциии, Потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски, Mеѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски и Тодор Конески, Копретседател на работната група на ЕДС за економија и трговија. Панел дискусијата беше насочена на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан во услови на тековната војна во Украина. Панелистите се фокусираа на геополитичкиот ефект на војната во Украина врз Западниот Балкан и како земјите од регионот да дејствуваат со цел забрзување на евроинтегративниот процес. Панел дискусијата беше проследена со голем број на прашања од страна на учесниците.

Вториот ден започна со организирана посета на македонското собрание и средба со пратениците Антонио Милошоски, Претседател на собраниската комисија за надворешни работи и членовите на Клубот за младински прашања и политики Јован Јаулески, Марија Петрушевска и Бојан Стојаноски. На оваа средба учесниците разговараа за надворешната политика, ЕУ перспективите на земјите од регионот на Западен Балкан како и за Акцискиот план на Клубот за младински прашања и политики и учеството на младите во процесот на одлучување.

Работниот дел од Младинската политичка академија продолжи во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ каде што се одржа дискусија со Претседателот на ЕДС, Бепе Галеа и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На оваа средба учесниците коментираа за стабилноста на Западниот Балкан и Европа во време на предизвици, улогата на младите во носењето на одлуки и проширувањето на Европската Унија.

Потоа следеше и панел дискусија на тема „Политичките, економските и енергетските ефекти од војната во Украина врз Европа”. Учество на оваа панел дискусија земаа Гордана Димитриеска Кочоска, Потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ и финансиски експерт; Александар Спасеновски, Професор на Правниот Факултет “Јустинијан Први” во Скопје и поранешен пратеник; Елена Маркова Велинова, Експерт во областа на енергетиката, како и Иван Ботучаров, Генерален секретар на ЕДС. Панелистите во нивните излагања се осврнаа на ефектите од војната во Украина во областите во кои тие се стручни.

Во текот на работниот ден беа организирани и работните групи на ЕДС. Самата организација се состои од 4 работни групи, односно работна група за Родова еднаквост, Високо образование, Политики за Европа и Економија и трговија. Овие работни групи зависно од својата област ги подготвуваат резолуциите кои подоцна се гласаат. По изгласувањето на резолуциите истите се доставуваат во Европските институции.

Третиот ден од настанот беше посветен на средба на Советот на ЕДС (EDS Council Meeting). На самиот настан беа презентирани и изгласани резолуциите од страна на работните групи на ЕДС.  УМС на ВМРО-ДПМНЕ презентираше вонредна резолуција која се однесуваше на подобрување на студентскиот стандард на македонските студенти како и за Законот за студентски оброк. Вонредната резолуција беше изгласана со едногласна поддршка од страна на советот на ЕДС.  Останатиот дел од работниот ден помина во разгледување на следните активности на ЕДС како и на презентирање на состојбите во своите држави од страна на членовите во советот присутни на овој настан.

На крајот беше организирана и панел дискусија на тема „Политиките во време на војна, улогата на земјите од Западен Балкан во војната во Украина“. Учество во оваа панел дискусијата земаа Владимир Ѓорчев, поранешен пратеник; Владимир Божиновски, Професор на Правниот Факултет “Јустинијан Први” во Скопје;  Викторија Трајков, Професор на Универзитетот за Туризам и Менаџмент како и Ирина Шахотина, Потпретседателка на ЕДС. Панелистите ја осудија руската агресија во Украина и ја изразија безрезервната  поддршка која земјата и ја дава на Украина.

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher