Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Зајакнување на демократските капацитети на локално ниво

Обука

Во пресрет на локалните избори, на 03 септември КАС реализираше обука со потенцијални кандидати за градоначалници и советници од партијата Алтернaтивa. Тема на оваа обука беше „Зајакнување на демократските капацитети на локално ниво“.

Asset Publisher

Обуката главно беше фокусирана на теми кои се поврзани со зајакнување на капацитетите на политичарите на локално ниво, како и на теми кои се однесуваат на комуникацијата со јавноста.

При отворање на обуката свои обраќања имаа Даниел Браун, официјален претставник на КАС и претседателот на Алтернaтивa, Африм Гаши.

Браун во својот говор истакна дека локалната политика не е "ниска политика", таа е всушност  политика, преку која директно се доаѓа во контакт со граѓаните, со нивните потреби и очекувања. За тоа е потребна емпатија, можност да се понудат решенија, но пред се комуникациски способности како успешно би можеле да се водат локалните политики.

Според Браун локалната политика во Северна Македонија е соочена со многубројни предизвици на локално ниво, но особено како што тоа го покажаа последните месеци треба да се креираат политиките во областите на инфраструктурата, животната околина и здравството. Токму од тие причини фондацијата Конрад Аденауер во Северна Македонија организира тренинзи за активни, но и заинтересирани политичари на локално ниво за да можат во иднина да се посветат токму на овие предизвици. Овие тренинзи се во соработка со политичкиот партнер, Алтренатива, со кој КАС веќе има изградено односи. На крајот Браун истакна дека како фондација се радуваме што сме во можност на овој начин да дадеме допринос за локалната демократија и нејзиното професионализирање. 

Гаши во своето обраќање се заблагодари на фондацијата за организацијата на овој настан и изрази уверување дека понатамошниот развојот на взаемната соработка ќе биде додадена вредност во демократскиот живот на Северна Македонија.

Вовед во работниот дел од обуката даде Марко Панковски од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје (ИДСЦС), кој во своето излагање говореше за локалната самоуправа во земјата при тоа давајќи краток историски преглед и правна рамка на локалната самоуправа, ингеренциите и поставеноста на единиците на локалната самоуправа, за изборниот модел за локални избори, како и за општините во услови на Ковид-19. Беким Белиќи од Факултетот за политички науки од Приштина одржа тренинг на повеќе различни теми поврзани со политичката комуникација, јавното говорење, креирањето на политички стратегии и водењето кампањи.

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher