Asset Publisher

Einzeltitel

Религијата во мултиконфесионални општества

von Владимир Божиновски, Марјан Николовски

вредности и убедувања

Ви ја претставуваме втората збирна анализа на пет истражувања на јавното мислење во Република Северна Македонија, што изминативе години ги спроведуваат Институтот за политички истражувањa од Скопје и специјализираниот интернет портал, прв молитвеник за информациии „Religija.mk“ во партнерство со Фондацијата „Конрад Аденауер„.

Asset Publisher

На почеток

Водејќи се од потребата за што пошироки информации за перцепцијата на граѓаните поврзани со религијата, религиозноста, верската припадност и односите на државата со верските институции во 2016 година почна проектот „Македонија како мултиконфесионално општество“, денес „Република Северна Македонија како мултиконфесионално општество“, кој имаше за цел да оформи една базична слика за јавноста и јавното мислење пред се околу меѓуверската толеранција и соживот. Како што растеше проектот, така растеше и интересот и потребата за спорадични истражувања, кои на еден, или на друг начин допираат, или се испреплетени на релација религија-верски институции-верници-општество-држава.

Сите овие истражувања водат кон една единствена цел а таа е поврзана со концептот на мулти-религиска држава. Тој концепт кој во многу нешта е соодветен за македонските прилики, а со оглед дека мулти-конфесионалноста и од историски, но и од современ аспект претставува значајна карактеристика на македонското општество која влијае врз процесите и го обликува развојот на државата. Доколку се имплементира правилно, концептот на мулти-религиска држава може да биде значајна кохезивна сила помеѓу граѓаните со различна вероисповест, но во случај на погрешна имплементација, или злоупотреба и сегментирање на општеството на религиска основа, мулти-конфесионалноста може да прерасне во извор  на конфликти, дури и во општества како Северна Македонија каде има долга традиција на соживот помеѓу повеќе религии.

Во оваа книга се наоѓаат пет нови истражувања, кои заедно со петте од првата книга даваат основна база на податоци кои можат да служат како информативен и ориентационен елемент за научни истражувања, анализи, но и како своевидна ориентациона линија за самите верски заедници во поглед на креирање и спроведување на нивните политики на релација со општеството и со самите верници.

Сега во оваа анализа нудиме перцепции на јавноста за односите на религијата, верниците, верските заедници и политиката, политичките кампањи, потоа иста ваква перцепција, но таргетирана на младата популација во поглед на евро-интегративните процеси на Република Северна Македонија и европските вредности. Исто така овде се наоѓа и едно специфично истражување околу религискиот морал на младите, како и неизбежната тема од пандемиската 2020/2021 година во која акцент е ставен на улогата на религијата и верата во пандемии. Тоа е едно уникатно истражување на јавното мислење кое детектираше перцепции токму во екот на пандемијата.

Сметајќи дека е од суштинско значење улогата на поедини верски заедници, особено на МПЦ-ОА во македонското општество, која пак се соочува со свои предизвици во православниот свет, во 2020 година беше спроведено првото таргетирано истражување на јавното мисење токму околу овие предизвици, што покажа интересни податоци за анализи.

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher

Bestellinformationen

erscheinungsort

Skopje