Asset Publisher

Einzeltitel

Создавање европска општина: политика на интегритет за 0 корупција

Прирачник за интегритет на општина Аеродром

Називот на проектот „Создавање европска општина: политика на интегритет за 0 корупција“ ја дефинира неговата содржина како изградба на систем за антикорупциските мерки со кои се утврдува политика на интегритет на општината Аеродром.

Asset Publisher

Handbook Integrity Policy for Zero Corruption MKD version

Концептот на интегритет претставува една од основните алатки за спречување на корупцијата во една организација. Доколку се направи обид да се објасни односот помеѓу антикорупциските мерки и практики и градењето на системот за интегритет, би можело да се извлече заклучокот дека концептот на интегритет подразбира широк круг на вредности, ставови и активности кои овозможуваат почитување на законите, но и етичко однесување и меѓусебна почит помеѓу вработените, раководните лица кон вработените и корисниците на услугите, односно граѓаните.

Интегритетот во себе го опфаќа спречувањето на корупцијата, но подразбира и други дејствија и активности кои доведуваат до подобро работење на една организација.

Имајќи го во предвид, претходно кажаното се дефинираат целите на проектот, односно:

Прво, намалување на можностите за корупција во Општина Аеродром преку детектирање на ризиците по интегритетот и формулирање на соодветни мерки за нивно неутрализирање.

Второ, намалување на можностите за грешки во работењето на Општина Аеродром преку детектирање на слабости во постапките за донесување одлуки во најширока смисла на зборот.

Трето, зголемување на довербата на граѓаните во Општина Аеродром.

За да се постигнат овие три цели во рамките на проектот без изработени два документа:

Прво, Студија за интегритетот во Општина Аеродром и

Второ, Прирачник за интегритет на Општина Аеродром.

Студијата за интегритетот во општина Аеродром претставува анализа во која е претставено функционирањето на оваа единица на локалната самоуправа од аспект на нејзините клучни надлежности, односно: водењето на управни постапки и односи со странки; регрутирањето на кадри и управувањето со човечки ресурси; јавните набавки и управувањето со средствата во поширока смисла на зборот, како и други поважни надлежности.

За секоја од овие надлежности или област, детектирани се ризици кои можат да влијаат во насока на нарушување на интегритетот на Општината. Во оваа смисла, како ризици по интегритетот се подразбираат сите отстапувања во работењето од воспоставените правила  и очекувањата на граѓаните, при што за секој ризик направен е опис со кој може да се утврди дали се прекршуваат законски и/или подзаконски правила или етички норми; утврдени се причините за негово постоење (надворешни или внатрешни) и направена е проценка на интензитетот на неговото присуство.

Прирачникот за интегритет на општина Аеродром, пак, се јавува како логично надоврзување на Студијата за интегритетот на Општина Аеродром. Имено, доколку во Студијата беа детектирани ризиците, во Прирачникот се предвидуваат мерки за неутрализирање на секој од нив.

Прирачникот содржи серија на мерки и/или активности за подобрување на работата на оваа единица на локалната самоуправа  во секоја од опфатените области, односно за секој поединечен ризик.

Во врска со ризикот од сомнежи за тенденциозно необјавување информации од јавен карактер со Прирачникот се предвидува проактивно и континуирано објавување на информациите предвидени во членот 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер на веб-страницата на Општина Аеродром, така што тие ќе бидат лесно воочливи и во формат кој е едноставен за користење (user friendly), како и модернизирање на веб-страницата на општината Аеродром.

Во врска со ризикот од сомнежи за фаворизирање при доделување средства на спортски клубови се предвидува усвојувањето на ревидирани подзаконски акти, во согласност со препораките, како и вообличување на постапка за доделување средства (донации/спонзорства) врз основа на јасни критериуми.

Во врска со ризикот од од нереално планирање на буџетските расходи, што доведува до нереални очекувања кај граѓаните, се предвидува менување на начинот на планирање на расходите, како и имплементирање на концептот на т.н. „граѓански буџет“.

Во врска со ризикот од можни сомнежи за злоупотреба на дискреционите овластувања на градоначалникот, се предвидува утврдување на список на дискрециони овластувања, како и усвојување на интерни процедури за секое дискреционо овластување кои ќе бидат јавно достапни на интернет страната на оваа единица на локалната сампоуправа.

Во врска со ризикот од сомнежи за корупција поради нецелосна примена на начелото на делегирање на надлежноста за решавање на градоначалникот, се предвидува измена на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места со цел да се предвидат организациските единици и конкретните работни места кои смеат да ги водат и да ги комплетираат управните постапки.

Во врска со ризикот од правна несигурност и невоедначено постапување во управни постапки поради недостиг од интерни процедури, се предвидува зголемување на бројот на интерни процедури за разните управни постапки кои ги води општината Аеродром.

Во врска со ризикот од постоење на сомнежи дека плановите за јавни набавки се менуваат поради субјективни причини, се предвидуваат чекори за зајакнување на транспарентноста и отчетноста кога станува збор за менувањето на плановите за јавни набавки.

Во врска со ризикот за постоење на нетранспарентност околу плановите за јавни набавки да доведе до сомнежи за затскривање информации, се предвидуваат мерки за зајакнување на транспарентноста и отчетноста за јавните набавки.

Во врска со ризикот од постоење на сомнежи за регуларноста на јавните набавки поради честото поништување, се предвидуваат мерки за зајакнување на транспарентноста и отчетноста за јавните набавки, како и систематски анализи со цел да се намали процентот на поништени тендери.

Во врска со ризикот од непочитување на етичките стандарди во работењето на општината и ризик дел од вработените да не ги извршуваат своите задачи, се предвидуваат чекори кои треба да доведат до тоа да биде назначено на лице/лица за интегритет во општината Аеродром.

Во врска со ризикот од постоење на сомнежи дека се ангажираат блиски лица (лица со кои постојат роднински, пријателски, партиски или други релации), се предвидува Измена на актот за систематизација на работните места со цел предвидување на соодветни квалификации, како и воведување на Интерни процедури за ангажирање лица по основ на привремено вработување или договор за дело.

Прикажувајќи ги мерките за неутрализирање на секој ризик на ваков начин, Прирачникот служи како сериозен стратешко-плански документ за Градоначалникот, советниците, но и за секој вработен во оваа скопска општина. Доследното почитување на мерките и временската рамка, претставува сосема соодветен начин за натамошно подобрување на интегритетот и натамошното намалување на можните коруптивни жаришта во оваа единица на локалната самоуправа.

Електронското изданието на прирачникот е достапно на македонски и албански јазик.

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher