Asset Publisher

Einzeltitel

Перцепции за позицијата на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија

доверба на верниците, релации со државата, патот до автокефалност

Фондацијата „Конрад Аденауер”во соработка со Институтот за политички истражувања – Скопје и интернет порталот „Религија.мк“ го продолжуваат проектот за следење на перцепцијата на граѓаните за религијата и нејзината улога во мултиконфесионалните општества.

Asset Publisher

Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), нејзиниот статус во православниот свет, внатрешните состојби, односот со државата и прашањето за довербата кај верниците е темата на најновото истражување на јавното мислење во рамки на проектот „Република Северна Македонија како мултиконфесионално општество“, што во континуитет го спроведуваат Институтот за политички истражувања-Скопје (ИПИС) и интернет порталот Религија.мк, со  поддршка на Фондацијата „Конрад Аденауер“(КАС).

Станува збор за прво, сеопфатно специјализирано истражување на јавното мислење поврзано со функционирањето на МПЦ-ОА во општеството, но низ призма на перцепцијата на нејзините припадници односно верници за суштинските прашања со кои таа се соочува.

Ова истражување е особено важно, затоа што опфаќа репрезентативен примерок од испитаници кои директно се поврзани со православната црква, што му дава многу поголема тежина на веродостојност и објективност. Со други зборови оценките и мислењата ги даваат токму нејзините верници, кои се определиле како припадници на православието, во случајот на МПЦ-ОА, или на некоја друга православна црква.

Главниот фокус беше да се детектира мислењето на граѓаните околу централната тема, а тоa е прашањето за признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА, процес кој претстои. Истражувањето доаѓа во период кога пред Вселенската Патријаршија се наоѓа барањето за апелација поднесено од МПЦ-ОА, но и по писмената коресподенција со Вселенската Патријаршија, во која се вклучи и државниот врв, Претседателот и Премиерот на државата.

Истражувањето е структуирано низ три аспекти кои меѓусебно се поврзани за да дадат целосна слика, од тоа каков е профилот на православниот верник во Северна Македонија, преку неговата доверба во црквата на која и припаѓа, преку одобрување, или не, за суштинските прашања со кои се соочува МПЦ-ОА, па се до неговата оценка за улогата на државата во односите на релацијата црква-држава.

Ова истражување на јавното мислење ја дава важната слика на перцепцијата на верниците на МПЦ-ОА, и тоа може да биде стратешки важен патоказ за самата црковна хиерархија за детектирање на точките на кои треба да се фокусира во јакнењето на капацитетите за единство на своето црковно ткиво.

Воедно е одлична можност, институциите на системот, научните како и медиумските сфери да имаат појдовна база на информации за основната поставеност на припадниците на православната црква од аспект на нивниот личен однос кон црквата како институција, па се до нивното мислење за стратешките чекори на црквата.

Истражувањето е спроведено телефонски на репрезентативен примерок од 1015 испитаници од православна вероисповед постари од 18 години. Маргиналната грешка е помеѓу +/-3.2% со 95% интервал на веродостојност.

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Robert Janev

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

robert.janev@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher