Asset Publisher

pixabay.com

Einzeltitel

Практикување на Религија во услови на Пандемија

Фондацијата „Конрад Аденауер“ во соработка со Институтот за политички истражувања – Скопје и интернет порталот „Религија.мк“ го продолжуваат проектот за следење на перцепцијата на граѓаните за религијата и нејзината улога во мултиконфесионалните општества.

Asset Publisher

Светот речиси и да не познава состојба на криза во која верските храмови и верските институции биле ставени во позиција самите да ги затворат верските објекти, или пак строго да го ограничат присуството на верниците во нив. Историјата веројатно ќе забележи дека Велигден во 2020 година, во целиот свет ќе се прославува без присуство на верници во храмовите, без разлика дали станува збор за верниците од католичкиот или од православниот обред. Оваа 2020 година ќе биде впишана во историјата како година во која нема да ги има препознатливите слики за муслиманите од аџилакот во Светата Земја.Еврејската Пасха оваа 2020 година истотака ќе биде одбележана во рамки на нешто што можеби до вчера било незамисливодека може да се случи.

Токму од тие причини, ова истражување на јавното мислење е фокусирано на практикувањето на религијата во услови на пандемиски кризи.

Ова истражување се наметнува како корисно и може да даде добра слика за перцепцијата на верниците околу вакви значајни прашања, особено што пандемиските кризи со мерките за заштита,честопати можат да се судрат со човековите права и слободи, а со тоа и со верските права на граѓаните, но и со верските толкувања за одредени општествени состојби.

Идејата треба да го отслика моментот како верниците и верските заедници во С. Македонија се справуваат со вакви кризи, но и она што е поважно, како верниците ги перцепираат мерките за заштита од една страна, а од друга страна како ги перцепираат одлуките на верските заедници за вакви кризи.

На почеток

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher