Asset Publisher

Einzeltitel

Религиски, Морални и Етички вредности кај Младите

Фондацијата „Конрад Аденауер“ во соработка со Институтот за политички истражувања – Скопје и интернет порталот „Религија.мк“ го продолжуваат проектот за следење на перцепцијата на граѓаните за религијата и нејзината улога во мултиконфесионалните општества.

Asset Publisher

Ова последно истражување кое го имате пред себе претставува специјализиран пристап и има за цел да ја отслика перцепцијата на младите во државата за религијата и нејзината улога во мултиконфесионалните општества. Во него е опфатена само младата популација од државата.

Во општество во кое населението во висок процент се декларира како религиозно, исклучително важно е да се знае тенденцијата на таквата религиозност, во кој правец е насочена, во смисла на превенција и спречување на конфликти. Дали таа религиозност е основа за градење стереотипи и предрасуди преку нејзина политизација, или е насочена кон вистински религиски вредности за меѓусебна почит и толеранција. За ова е особено важно да се има јасна слика на таквата религиозносткај младите, затоа што тие се најдинамичниот и најенергичниот дел од населението, кој лесно може да биде подложен на политички манипулации.

Целта беше преку серија прашања да се добие една слика што и како младите гледаат на религијата, нејзините вредности, нивната улога во општествените процеси, нивните ставови за одредени прашања кои се од доменот на верските учења и секако да се испита процентот на млади луѓе за кои религијата игра улога во секојдневниот живот.

Ова издание е збогатено со два авторски текстови "Религијата сеуште може да му помогне на општествениот живот" од проф. д-р Хасан Џило и "Верата, општеството и вредностите" од проф. д-р Милан Ѓорѓевиќ.

На почеток

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher