Asset Publisher

Einzeltitel

Системи за управување и мониторинг на животна средина

Универзитетски учебник

Фондацијата Конрад Аденауер и Машинскиот факултет-Скопје го издадоа универзитетскиот учебник со наслов “Системи за управување и мониторинг на животна средина”, авторско дело на професорите Емил Заев, Зоран Марков и Дарко Бабунски.

Asset Publisher

Овој учебник има за цел да даде преглед на најчесто користените управувачки техники и системи кај процесите во животната средина, при што сериозно помагаат да се одржи животната средина почиста и сите нејзини мерливи и немерливи параметри да се во согласност со новите регулативи, иницијативи и планови. Потребата за ангажирање на системи за управување во животната средина се јавува кај примена на нови техники за прочистување на животната средина, при примена на нови построги регулативи, при намалување на трошоците за примена на нови технологии за одржливост на животната средина, донесување на подобри оперативни и инженерски одлуки, порана детекција на проблеми како и побрза реакција при итни случаи прилагодени на новите трендови во политиките во животната средина.

Едно поглавје е посветено на важноста на Берлинскиот процес (како дипломатска, но и иницијатива од областа на животната средина), како и Зелениот договор, како иницијатива на Европската унија да ја направи сопствената економија поодржлива.

Публикацијата е продолжение на серијата издадени учебници и монографии од областа на животната средина поддржани од Фондацијата Конрад Аденауер, давајќи придонес кон унапредување на високото образование во Република Северна Македонија.

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Daniela Popovska

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

daniela.popovska@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher