Asset Publisher

Публикации

Asset Publisher

Кинеското влијание врз процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ: синергии и пречки

Истражување

Фондацијата Конрад Аденауер, Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел и Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности ЕСТИМА објавија заедничка публикација на тема “Кинеското влијание врз процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ: синергии и пречки“.

Политичка академија

Лидери за иднината

Од 30 септември до 1 октомври, КАС во соработка со ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ го организираа вториот модул на Политичката академија, насловена како „Лидери за иднината“. Наменет за селектирани млади политичари, овој модул опфати стручни презентации и работилници предводени од бројни домашни експерти, актуелни и поранешни политичари, теоретичари во врска со македонската надворешна политика и геостратешките предизвици во контекст на руската воена агресија во Украина.

План за забрзана интеграција и постепено вклучување

Policy brief

Фондацијата Конрад Аденауер, Центарот за Европски Студии Вилфрид Мартенс и Институтот за демократија Societas Civilis-Скопје би сакале да ви ја претстават публикацијата „A Blueprint For Accelerated Integration and Phasing-In“

Делегација од СР Германија составена од млади членови на ЦДУ во посета на земјата

Во понеделник, 4 септември, делегација на членови на партијата од Христијанско-демократската унија ја посети Канцеларијата на КАС во Скопје со цел да се запознаат со политичката и културната состојба во земјата.

Перцепции на граѓаните за положбата на Исламската верска заедница

однос кон државата и доверба на верниците

Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) во соработка со Институтот за политички истражувања-Скопје (ИПИС) и Интернет порталот Религија.мк спроведоа ново истражување на јавното мислење, дел од проектот за анализа на перцепцијата на јавноста за односот на религијата во мулти-религиски општества.

Регионална Школа 2023

Општество и религија: етнички групи, идентитет и национализам

Регионалното Школа „Општество и религија: етнички групи, идентитет и национализам“, се одржа од 29 јуни до 2 јули 2023 година во Скопје, Северна Македонија и обедини 20 млади луѓе од 10 различни земји во регионот. Учесниците кои учествуваа на програмата доаѓаат од десет земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Словенија.

Зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци 2023

Обука

Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и канцелариите на Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС) и Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) во Скопје, организираа тридневна обука на тема „Зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци 2023“ која се одржа од 09 – 11 јуни 2023 година во Охрид.

Меѓународни предизвици 2023

Истражување на јавното мислење

Антиципирајќи ја важноста на општите и на партикуларните глобални тенденции врз развојот на Северна Македонија, Фондацијата Конрад Аденауер ја издаде публикацијата: „Меѓународни предизвици 2023 (Истражување на јавното мислење)“.

Политичка мисла бр.66

Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија "Societas Civilis"-Скопје би сакале да ви го претстават 66-тото издание на списанието Политичка мисла.

Ден на Европа 2023

Одбележување на Денот на Европа - 9 Мај

На 18 Мај 2023, се одржа настанот посветен на одбележувањето Денот на Европа – 9 Мај, во организација на Европско движење на Република Северна Македонија, во партнерство со Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за Европски студии Вилфрид Мартенс. По поздравните обраќања се одржа и панел дискусија на темата „Иднината на проширувањето на ЕУ - Кои се придобивките за Северна Македонија и Европската унија?“.