Asset Publisher

Конференција
целосно резервиран

Зимски универзитет на ЕДС

Визија за младите 2030 – Западен Балкан, стабилност и ВИ во образованието

Од 26 до 29 март 2026 година во Скопје, Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) во соработка со Европските Демократски Студенти (ЕДС) и Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ го организира Зимскиот универзитет на ЕДС 2026, посветен на иднината на младите, европската перспектива на Западен Балкан и улогата на новите технологии и вештачката интелигенција во образованието и демократскиот развој.

Asset Publisher

Сподели

Детали

ЕДС, како официјална студентска организација на Европската народна партија, претставува платформа што обединува млади лидери од цела Европа и активно придонесува кон јакнење на демократските вредности, политичкото образование и европската интеграција. Во тој дух, Зимскиот универзитет ќе обедини млади политички лидери, професионалци и креатори на политики, овозможувајќи размена на идеи и градење заедничка визија за развојот на општествата до 2030 година.

Програмата на настанот опфаќа интензивна агенда на дискусии и работни сесии посветени на клучни теми како што се безбедноста и стабилноста во регионот, економските политики и инвестициите, европските интеграции и геополитичките предизвици, како и енергетската сигурност и зелената транзиција. Особено внимание се посветува на улогата на младите во креирањето политики, демографските трендови и влијанието на дигитализацијата врз образованието и општеството, при што се отвора простор за активна дебата и учество на новата генерација носители на одлуки.

Во рамки на настанот ќе се обратат високи претставници од државниот и политичкиот врв, вклучително и официјалниот претставник на КАС Даниел Браун, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, како и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со повеќе министри, пратеници и експерти од различни области.

Зимскиот универзитет на ЕДС претставува значајна платформа за вмрежување, размена на искуства и продлабочување на регионалната соработка, со јасен фокус на европската иднина на Западен Балкан и улогата на младите како двигатели на позитивни општествени промени.

Asset Publisher

Место

Скопје 1000 Скопје Северна Македонија

Локација

Контакт Daniel Braun
Daniel Braun
Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово
daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien
Програмски менаџер
davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075