Детали
Високи претставници од земјата и странство, претставници на дипломатскиот кор, академската заедница, студенти и други релевантни чинители ќе дискутираат за актуелните состојби во Европската унија со фокус на проширувањето и македонските перспективи во тој контекст.
На настанот свое обраќање како главни говорници ќе имаат Африм Гаши, Претседател на Собранието на Република Северна Македонија; проф. д-р Норберт Ламерт, Претседател на Фондацијата Конрад Аденауер / 12-ти претседател на германскиот Бундестаг (2005-2017); Микулаш Ѕуринда, Претседател на Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс / Поранешен премиер на Словачка (1998 – 2006).
Во рамки на панел дискусијата на тема „Обликување на иднината – ЕУ интеграцијата како двигател на напредокот на Северна Македонија“ ќе се обратат:
Н.Е. Петра Дрекслер, Амбасадорка на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија
H.E. Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија во Република Северна Македонија
Марија Петрушевскa, Пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ
Фериде Хаџиу, Пратеничка од ВЛЕН
Моника Зајкова, Пратеничка од ЛДП
Настанот ќе го отворат Милева Ѓуровска, Претседателка на Европско движење; Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер и Катерина Јакимовска, Виш Офицер за проекти, Центар за европски студии Вилфрид Мартенс (ВМЦЕС).
Дискусијата ќе биде модерирана од Катерина Синадиновска, Уредничка на ТВ магазинот „Агенда 35“.
Во рамки на овој настан ќе биде доделена и плакетата за Европска личност на годината за 2024 година на Рисима Рисимкин, Македонска балерина, кореограф, уметник и универзитетски професор.
По панел дискусијата и доделувањето на плакетата за Европска личност на годината предвиден е и пригоден коктел.
Вториот дел од настанот ќе бидат организиран како Младински клуб во рамки на кој ќе се одржат младинска дебата на тема „Гласот на младите за Европа – Идеи за подобар живот и поправедно општество“, со воведни обраќања на Драгана Бојковска, Пратеничка / Координаторка на Клубот за младински прашања и политики; Филип Ивковски, Претседател на Националниот младинскиот совет на Македонија (НМСМ) и претставник од Делегацијата на Европската Унија во земјата; Ораторски натпревар со учество на студенти од повеќе унверзитети во земјата; како и Квиз на знаење за ЕУ на кој ќе учествуваат средношколци од средните училишта во Градот Скопје. На крајот ќе бидат доделени награди за најдобрите учесници во ораторскиот натпревар и квизот.
Работни јазици на настанот се македонски, албански, и англиски (со обезбедено симултано толкување).
Доколку сте заинтересирани да присуствувате на настанот потребно е да се пријавите на e-mail: skopje@kas.de или на телефон 02 3217 075 најдоцна до 26 мај (понеделник).