Asset Publisher

Семинар
целосно резервиран

Политичка академија 2025

Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа

КАС во соработка со Партиско истражувачко-аналитичкиот центар „Љубиша Георгиевски“ од 11 до 13 април во Крушево ја организира Политичката академија 2025 на тема „Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа“.

Asset Publisher

Сподели

Детали

Political Academy 2025

Академијата има за цел да обезбеди стратешка поддршка и практични вештини за градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, со фокус на подобрување на нивната ефикасност, транспарентност и комуникација со граѓаните. Во рамки на академијата, ќе се одржи и дискусија на тема „Организациски, комуникациски и стратешки пристап за поефикасна локална самоуправа и комуникација со граѓаните“, која ќе отвори простор за размена на искуства, идеи и добри практики. Програмата вклучува и специјализирани обуки за лидерство и комуникациски вештини во политиката.

Свои обраќања на академијата ќе имаат Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Христијан Мицкоски, Претседател на Владата и Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Светислав Васев, Раководител на Партиско истражувачко-аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ.

Со оваа обука на градоначалниците ќе им се овозможи да стекнат нови знаења, вештини и перспективи. Оваа академија не само што придонесува за личен и професионален развој на учесниците, туку индиректно влијае и врз подобрувањето на услугите кои локалните власти им ги испорачуваат на граѓаните. Ваквите иницијативи ќе продолжат и во иднина, со крајна цел – современа, ефективна и транспарентна локална самоуправа која активно комуницира со своите граѓани и ги исполнува нивните потреби.          

Asset Publisher

Внеси во календар

Место

Крушево 7550 Крушево North Macedonia
Zur Webseite

Локација

Публикација

Политичка академија 2025: Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа
Прочитај повеќе
Контакт Daniel Braun
Daniel Braun
Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово
daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien
Програмски менаџер
davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075