Asset Publisher

Стручна конференција
целосно резервиран

Безбедност 2030

Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици

Фондацијата Конрад Аденауер и Факултетот за безбедност – Скопје при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на 24 и 25 септември 2026 година во Охрид ја организираат XVII Меѓународна научна конференција „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици“. Конференцијата се одржува под покровителство на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.

Asset Publisher

Сподели

Детали

На конференцијата ќе учествуваат претставници на академската и научната заедница, безбедносните институции и јавниот сектор, како и истражувачи и практичари од земјата, регионот и пошироко. Настанот ќе овозможи размена на научни сознанија, искуства и перспективи за современите и идните безбедносни предизвици во услови на забрзан развој на паметните технологии, дигитализацијата и вештачката интелигенција.

Конференцијата има за цел да создаде платформа за научна дебата, размена на знаења и мултидисциплинарна соработка за трансформацијата на безбедноста во ерата на напредните технологии. Посебен акцент ќе биде ставен на сајбер-безбедноста и дигиталната отпорност, хибридните закани и информациската безбедност, заштитата на критичната инфраструктура, етичките и правните аспекти на новите технологии, како и на градењето отпорни општества и унапредувањето на регионалната и меѓународната соработка.

На отворањето на конференцијата свои обраќања ќе имаат Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер; Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи; Весна Јаневска, Министерка за образование и наука; Кирил Пецаков, Градоначалник на Општина Охрид; Игор Неделковски, Ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Јонче Ивановски, Декан на Факултетот за безбедност – Скопје.

Во рамки на воведната пленарна сесија свои обраќања ќе имаат д-р Кристина Катрин Краузе, Раководител на Одделот за меѓународни и безбедносни прашања при Фондацијата Конрад Аденауер, и проф. д-р Габор Ковач, полициски генерал-мајор и декан на Факултетот за спроведување на законот при Универзитетот за јавни служби „Лудовика“ од Унгарија.

Вториот ден од конференцијата ќе се одржат паралелни научни сесии посветени на полициското работење и новите технологии, паметниот сообраќај и урбаната мобилност, глобалната безбедност и меѓународната соработка, етиката, правото и дигиталната отпорност, како и хибридните закани и информациската безбедност.

Преку научни излагања, тематски дискусии и размена на искуства, конференцијата ќе придонесе кон продлабочување на соработката меѓу академската заедница, институциите и практичарите и кон развивање современи пристапи за справување со безбедносните ризици и предизвици во пресрет на 2030 година.

Asset Publisher

Место

Ohrid

Локација

Контакт Daniel Braun
Daniel Braun
Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово
daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien
Програмски менаџер
davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

Asset Publisher

Партнери

Faculty for security - Skopje