Детали
Семинарот има за цел да придонесе кон унапредување на лидерските и комуникациските капацитети на учесниците, со посебен фокус на стратешкото лидерство, ефективната јавна и политичка комуникација, кредибилитетот и довербата, како и соработката и заедничката одговорност во процесите на добро владеење.
Програмата предвидува дискусии и интерактивни сесии посветени на лидерството, визијата и одговорноста, преточувањето на политичките приоритети во јасни пораки, ефективната комуникација со јавноста во современото медиумско опкружување, како и лидерската комуникација насочена кон градење кредибилитет, доверба и влијание. Посебно внимание ќе биде посветено и на значењето на соработката, координацијата и заедничката одговорност за успешно остварување на поставените цели.
На отворањето на семинарот свои обраќања ќе имаат Даниел Браун, Официјален претставник на Фондација Конрад Аденауер; Христијан Мицкоски, Претседател на Владата и Претседател на ВМРО-ДПМНЕ; Драган Ковачки, Генерален Секретар на ВМРО-ДПМНЕ и Светислав Васев, Раководител на Партискиот истражувачки и аналитички центар „Љубиша Георгиевски“.
Преку комбинација на тематски излагања, интерактивни сесии и дискусии, семинарот ќе овозможи простор за размена на искуства, добри практики и различни перспективи, со цел понатамошно јакнење на капацитетите за одговорно лидерство, ефективна комуникација и добро владеење.