Asset Publisher

Извештаи за настани

Стратешко лидерство

Ефективна комуникација за добро владеење

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Партискиот истражувачки и аналитички центар (ПИАЦ) „Љубиша Георгиевски“, од 11 до 13 септември 2026 година во Маврово организираше тридневен семинар на тема „Стратешко лидерство и ефективна комуникација за добро владеење“.

Asset Publisher

Сподели

На семинарот учествуваа членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, министри и заменици-министри, пратеници, градоначалници и други носители на јавни функции. Настанот беше посветен на унапредување на лидерските и комуникациските капацитети, со посебен акцент на стратешкото размислување, политичката одговорност, ефективната јавна комуникација и соработката во процесите на добро владеење.

На отворањето на семинарот се обратија Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Христијан Мицкоски, претседател на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и Светислав Васев, раководител на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“.

Во своето обраќање, Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата „Конрад Аденауер“, го истакна значењето на континуираното усовршување на политичките лидери, стекнувањето нови знаења и следењето на актуелните општествени и политички предизвици, независно од нивното искуство и времетраењето на раководните функции. Тој нагласи дека размената на искуства и идеи, како и заедничкото препознавање и надминување на новите предизвици, претставуваат важен дел од политичката соработка на Фондацијата со нејзините партнери, како во Германија, така и во земјите во кои дејствува. Браун изрази задоволство од присуството на највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи го како потврда за подготвеноста за активно соочување со актуелните предизвици. Воедно, ја нагласи важноста на продолжувањето на долгогодишното партнерство и заедничката размена на искуства и идеи, кои можат да придонесат кон креирање успешни политики и подобра иднина за земјата.

Христијан Мицкоски, во рамки на тематската сесија „Лидерство, визија и одговорност“, го истакна значењето на размената на искуства, знаења и идеи за современото лидерство, одговорното управување и ефективната комуникација, како важни предуслови за креирање успешни политики и подобри решенија за граѓаните. Тој нагласи дека континуираното усовршување и надградување се клучни за секој што носи јавна одговорност.

Во текот на вториот ден, програмата продолжи со тематски излагања и интерактивни сесии посветени на различните аспекти на политичката и лидерската комуникација.

Луке Галески, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, говореше на тема „Стратешка комуникација: од политички приоритети до јасни пораки“, при што се осврна на континуитетот и доследноста на комуникациската стратегија на ВМРО-ДПМНЕ, како и на начините на кои политичките приоритети се преточуваат во јасни и разбирливи пораки за граѓаните.

Марија Митева, портпарол на Владата, во своето излагање на тема „Ефективна комуникација со јавноста во современото медиумско опкружување“, ја нагласи потребата политичката комуникација да не се сведува само на пренесување информации, туку да овозможи вистинско поврзување на политиките со реалните потреби, проблеми и очекувања на граѓаните.

Двајцата говорници ја истакнаа важноста на навремената, јасна и одговорна комуникација со јавноста, заснована на факти, резултати и конкретни политики што влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните.

Посебен дел од програмата беше посветен на интерактивните сесии „Лидерска комуникација: кредибилитет, доверба и влијание“, предводени од комуникацискиот експерт и политички консултант Кристијан Седак. Преку практична работа и дискусии, учесниците имаа можност да разменат искуства и да разгледаат различни пристапи за унапредување на лидерските и комуникациските вештини, со посебен акцент на градењето доверба и кредибилитет во јавноста.

Во завршниот дел од семинарот, вниманието беше насочено кон значењето на соработката, координацијата и заедничката одговорност во спроведувањето на политичките приоритети и остварувањето на поставените цели. Притоа, беше нагласена потребата од поврзување на стратешкото планирање со конкретни активности и резултати, како важен предуслов за ефективно и одговорно управување.

Преку комбинација на тематски излагања, интерактивни сесии и дискусии, семинарот овозможи размена на искуства, знаења и добри практики, со цел понатамошно јакнење на капацитетите за одговорно лидерство, ефективна комуникација и добро владеење.

Настанот претставува продолжување на долгогодишната соработка меѓу Фондацијата Конрад Аденауер и ВМРО-ДПМНЕ, насочена кон политичко образование, развој на лидерски капацитети и унапредување на демократските процеси.

Asset Publisher

Контакт Daniel Braun
Daniel Braun
Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово
daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien
Програмски менаџер
davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher