Детали
Настанот е наменет за членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и кандидати за градоначалници од редовите на партијата, со цел унапредување на нивните знаења, стратешките пристапи и комуникациски вештини за водење ефикасни и инклузивни локални политики.
Свои обраќања на отворањето на настанот ќе имаат Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Христијан Мицкоски, претседател на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Светислав Васев, раководител на Партискиот истражувачки и аналитичкиот центар на „Љубиша Георгиевски“ и Иван Јорданов, градоначалник на Штип.
Програмата опфаќа предавања и интерактивни сесии кои се фокусираат на унапредување на стратешкото планирање, политичката комуникација, лидерството и вклучувањето на граѓаните во процесот на донесување одлуки. Учесниците ќе работат на развивање на практични вештини и пристапи за успешно и одговорно управување на локално ниво, со акцент на транспарентност, отчетност и градење доверба.
Во рамки на обуката е предвидена и панел-дискусија на тема „Обединети за локално дејствување: Изградба на ефективна соработка помеѓу Владата, Собранието и општините со цел задоволување на потребите на граѓаните“ со учество на претставници од трите нивоа на власт.
Со оваа иницијатива, Фондацијата Конрад Аденауер и ПИАЦ придонесуваат кон унапредување на капацитетите за спроведување на одговорни и ефективни локални политики, кои се клучни за одржлив развој и за изградба на просперитетни и функционални општини ширум државата.