Детали
Програмата на Летната школа сублимира теми и содржини од неколку тековни програми за обуки на Т-АЈМ, приспособени да придонесат кон подобрување и унапредување на знаењата и вештините на новинарите за повеќе значајни теми. Во фокусот ќе бидат безбедноста во физичкиот и дигиталниот простор, истражувачкото новинарство и етичкото известување, справувањето со стрес и професионално прегорување, како и механизмите за заштита на новинарите и медиумските слободи.
Летната школа ќе овозможи и вмрежување преку размена на искуства и дискусии со новинари и уредници од различни медиуми за заедничките предизвици со кои се соочуваат во рамките на редакциите.
Предавачите и говорниците на Летната школа се новинари и експерти со докажано долгогодишно искуство и практични познавања за темите што се во нејзиниот фокус.
Програмата ќе се реализира преку комбинација од кратки презентации, интерактивни дискусии и практични вежби.