Asset Publisher

Извештаи за настани

Летна школа за млади новинари и медиумски работници

Нови технологии, безбедност, истражување и етика во новинарството

Фондацијата Конрад Аденауер (КАС), во соработка со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), во рамките на Тренинг-академијата за новинари и медиумски работници (Т-АЈМ), организираше Летна школа за млади новинари и медиумски работници, која се одржа од 21 до 25 јули 2026 година во Охрид.

Asset Publisher

Сподели

Летната школа имаше за цел да придонесе кон професионалниот развој на младите новинари и медиумски работници преку унапредување на нивните знаења и практични вештини во областа на дигиталната и физичката безбедност, истражувачкото новинарство, етичкото известување, заштитата на новинарите, како и справувањето со стресот и професионалното прегорување.

Во текот на петте работни дена, учесниците работеа во интерактивна атмосфера што комбинираше предавања, дискусии, практични вежби и симулации на реални новинарски ситуации. Програмата беше осмислена да овозможи стекнување применливи знаења, развој на критичко размислување и размена на искуства меѓу младите новинари и медиумските професионалци.

Во рамките на програмата беа обработени теми поврзани со современите дигитални предизвици, заштитата на новинарските извори и податоци, безбедната работа во дигиталната средина и можностите и ограничувањата на примената на вештачката интелигенција во новинарството. Преку практични вежби учесниците се запознаа и со конкретни алатки и техники за дигитална безбедност.

Посебен сегмент беше посветен на менталното здравје и професионалната отпорност на новинарите, при што се дискутираше за стресот, професионалното прегорување, препознавањето на ризичните состојби и важноста од грижата за сопственото психофизичко здравје во професија што често подразбира работа под висок притисок.

Истражувачкото новинарство беше обработено низ повеќе аспекти, со акцент на процесот на развивање истражувачка приказна од првата информација до објавувањето, проценката и управувањето со ризици, проверката на фактите, професионалната одговорност и тимската работа.

Во рамките на програмата беше посветено внимание и на физичката безбедност на новинарите при известување од терен, практичната примена на техники за управување со ризици, новиот Етички кодекс на новинарите во Република Северна Македонија, професионалните стандарди при известувањето за теми од јавен интерес, како и механизмите за правна и институционална заштита на новинарите.

Особено значаен дел од школата претставуваа практичните симулации и групната работа, во рамките на кои учесниците работеа на реални новинарски сценарија, анализираа чувствителни случаи, носеа редакциски одлуки и ги применуваа знаењата стекнати во текот на програмата.

Во рамките на Летната школа свои обраќања имаа Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер и Младен Чадиковски, претседател на Здружението на новинарите на Македонија, кои ја нагласија важноста од континуираното професионално усовршување, унапредувањето на безбедноста на новинарите и создавањето нова генерација медиумски професионалци што ќе работат согласно највисоките професионални и етички стандарди.

Со оваа активност, Тренинг-академијата за новинари и медиумски работници (Т-АЈМ) продолжува да обезбедува простор за едукација, размена на искуства и професионално вмрежување, придонесувајќи кон развојот на квалитетно, одговорно и отпорно новинарство во Северна Македонија.

Asset Publisher

Контакт Daniel Braun
Daniel Braun
Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово
daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien
Програмски менаџер
davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher