Asset Publisher

Конференција
целосно резервиран

Женско лидерство

Европската интеграција на Западен Балкан во услови на безбедносни и технолошки предизвици во Европа

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и EPP Women, од 17 до 19 април 2026 година во Скопје го организира меѓународниот настан „Женско лидерство - Европската интеграција на Западен Балкан во услови на безбедносни и технолошки предизвици во Европа“.

Asset Publisher

Сподели

Детали

Настанот ќе обедини политичарки, носители на одлуки, експерти и претставници од регионот и Европа, со цел унапредување на улогата на жените во лидерството и зајакнување на европската перспектива на Западен Балкан.

Официјалното отворање на настанот ќе се одржи на 18 април, со обраќања на:

Жаклина Пешевска, Пратеничка и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ;

Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер;

Драган Ковачки, пратеник во Собранието и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ;

Мајрид Мекгинис, претседател на EPP Women, поранешен европски комесар и поранешен потпретседател на Европскиот парламент (онлајн обраќање);

Долорс Монсерат, пратеник во Европскиот парламент и генерален секретар на Европската народна партија (онлајн обраќање). 

Во рамки на програмата, дискусиите ќе се насочат кон актуелните геополитички и безбедносни предизвици и нивното влијание врз процесот на проширување на Европската Унија, при што особено внимание ќе се посвети на улогата на женското лидерство во обликувањето на овие процеси. Паралелно, ќе се отвори поширока дебата за енергетската транзиција, транспортната поврзаност и нивната улога во забрзување на европската интеграција на регионот. Дел од програмата ќе биде посветен и на значењето на жените во науката, технологијата и иновациите, со фокус на градење мостови помеѓу Западен Балкан и Европската Унија во овие области.

Преку интерактивен формат и размена на искуства, настанот има за цел да придонесе кон зајакнување на регионалната соработка, поддршка на европските политики и унапредување на учеството на жените во процесите на донесување одлуки.

Asset Publisher

Место

Скопје 1000 Скопје Северна Македонија
Веб страната

Локација

Контакт Daniel Braun
Daniel Braun
Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово
daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien
Програмски менаџер
davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075