Asset Publisher

Извештаи за настани

Женско лидерство

Европската интеграција на Западен Балкан во услови на безбедносни и технолошки предизвици во Европа

Од 17 до 19 април 2026 година во Скопје, Фондацијата Конрад Аденауер (KAS), во соработка со Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и EPP Women, организираше меѓународен настан на тема „Женско лидерство – Европската интеграција на Западен Балкан во услови на безбедносни и технолошки предизвици во Европа“.

Asset Publisher

Сподели

Настанот обедини политичарки, носители на одлуки и експерти од земјата, регионот и Европската Унија, со цел да се поттикне размена на искуства и идеи за улогата на жените во современите политички процеси и во обликувањето на европската иднина на Западен Балкан.

Официјалното отворање беше обележано со обраќања на Жаклина Пешевска, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка во Собранието, Даниел Браун, официјален претставник на КАС, Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието како и Розалија Биро, потпретседателка на EPP Women.

Во своите обраќања говорниците ја нагласија важноста од поголемо учество на жените во политичкото лидерство, особено во време на значајни геополитички промени, безбедносни предизвици и брза технолошка трансформација. Беше истакнато дека европската интеграција на Западен Балкан останува стратешки приоритет за стабилноста и развојот на регионот и дека жените имаат суштинска улога во процесите на донесување одлуки и креирање јавни политики.

Во рамки на програмата беа одржани повеќе тематски панели посветени на европската перспектива на Западен Балкан, актуелните безбедносни предизвици во Европа, енергетската транзиција, транспортната поврзаност, како и улогата на науката, технологијата и иновациите во забрзувањето на економскиот и општествениот развој.

Особено внимание беше посветено на улогата на жените во обликувањето на политиките поврзани со безбедноста, надворешната политика и европската интеграција. Учесничките дискутираа за предизвиците со кои се соочуваат жените во јавниот и политичкиот живот, но и за можностите за нивно поголемо вклучување во лидерските структури на национално и европско ниво.

Во дискусиите беше потенцирано дека процесот на проширување на Европската Унија треба да остане заснован на принципите на заслуги, владеење на правото и спроведување на реформите, при што беше нагласена потребата од зачувување на кредибилитетот на политиката на проширување и обезбедување јасна европска перспектива за земјите од Западен Балкан.

Посебен акцент беше ставен на потребата од поголема застапеност на жените во секторите поврзани со науката, технологијата, инженерството и иновациите, како и на нивната улога во обликувањето на политиките поврзани со дигиталната трансформација и конкурентноста на европските општества.

Настанот претставуваше значајна платформа за вмрежување, размена на добри практики и зајакнување на соработката меѓу жените лидери од регионот и Европската Унија. Преку интерактивни дискусии и размена на искуства, учесниците ја потврдија својата посветеност кон европските вредности, демократскиот развој и унапредувањето на улогата на жените во процесите на донесување одлуки.

Со организирањето на овој настан, Фондацијата Конрад Аденауер уште еднаш ја потврди својата поддршка за европската интеграција на Западен Балкан, зајакнувањето на регионалната соработка и промовирањето на активно и одговорно женско лидерство како важен фактор за идниот развој на регионот.

 

Asset Publisher

Контакт Daniel Braun
Daniel Braun
Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово
daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien
Програмски менаџер
davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher