Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

ТРКА НА 3, 6 И 9 СО ПРЕЧКИ. КОН ЧИСТА ПРЕПОРАКА?

Набљудување на спроведувањето на вторите три месеци од Планот 3-6-9

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) го следи спроведувањето и исполнувањето на реформите од Планот 3-6-9. Вториот извештај кој се однесува на вторите три месеци од спроведувањето на планот, e јавно презентиран на 5 март 2018, понеделник, во ЕУ Инфо Центар.

Asset Publisher

Следењето на спроведувањето на делот 6 од планот 3-6-9 открива дека од вкупно предвидените 31 активност:

- 16 активности (52%) се исполнети,

- 5 активности (16%) – се делумно исполнети,

- 6 активности се неисполнети (19%),

- 4 активности (13%), се немерливи

Се забележува подобрување на Планот во насока на зголемување на неговата мерливост и предвидливост. Друг значаен момент е што Владата, овој пат, го објави планот во целост односно ги објави активностите кои треба да бидат преземени за целото времетраење на планот 3-6-9.

Исто така, како позитивно се оценува и направената приоретизација во однос на реформски области. За разлика од претходниот план, овојпат, акцентот е ставен на реформите во правосудството, безбедносните и разузнавачките служби и јавната администрација.

Покрај овие позитивни моменти, евидентни се и аномалиите кои се повторуваат во оваа, како и во претходната верзија на Планот. Имено, застапени се мерки кои по својата природа се континуирани активности на институциите или нивна ресорна надлежност. Тие не се и не можат да бидат реформска активност.

Што се однесува до процентот на адресирани препораки од извештајот на Прибе од 2015 година и Итните реформски приоритети на Европската комисија, активностите во делот 6 го запазуваат истиот опфат како со делот 3. Оттука, 8 активности од вкупно 31 – колку содржи планот, за овој временски период можат да се поврзат со овие два извештаи.

За повеќе детали од наодите погледнете го целосниот извештај достапен на оваа страна.

На почеток

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher