Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Презентација на Анализата на законската рамка и институционалните капацитети на локалните инспекциски служби за заштита на животната средина

На 15 февруари 2022 година се одржа презентација на „Анализата на законската рамка и институционалните капацитети на локалните инспекциски служби за заштита на животната средина“. Анализата е подготвена од страна на Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за правни истражувања и анализи.

Asset Publisher

Презентацијата со свое излагање ја отвори официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Даниел Браун, кој истакна: "Република Северна Македонија е соочена со многу предизвици во областа на животната околина, што треба да бидат заеднички адресирани од страна на сите државни нивоа. Затоа е неопходна поголема ефикасност и подобра опременост на инспекторите за заштита на животната средина. Но од друга страна и самите граѓани треба да развијат голема свест за овие проблеми, затоа што државните служби се потпираат на соработката со граѓаните. Тргнувајќи од тоа дека сите жители го дишат истиот загаден воздух и се соочуваат со последиците од тоа по нивното здравје, би требало токму овие предизвици да резултираат со заеднички напори на сите политички актери во земјата, а не да бидат дел од партиско политичката дебати. Се работи за доброто на сите граѓани независно од нивната партиска, религиозна или етничка припадност. Токму во таа насока суштински камен темелник е  функционална служба за заштита на животната околина„.   

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска ги сподели активностите на Министерството во оваа област. Оџаклиеска наведе дека во изминатиот период биле усвоени голем дел законски решенија втемелени на меѓународните европски стандарди, кои довеле до унапредување на децентрализацијата на некои локални самоуправи, односно самостојно водење на управните постапки од страна на локалните инспекциски служби. Но и покрај овие напори, во некои од нив се уште не се назначени локални инспектори за животна средина.

Горица Наџинска, проектен менаџер во ЦПИА накратко ги наведе актуелните активности на Центарот за правни истражувања и анализи поврзани со заштитата и унапредувањето на животната средина, низ призмата на обезбедување судска и правосудна заштита. Наџинска се осврна на обуките за судии и јавни обвинители посветени на заштитата на животната средина, учеството во работната група за имени на Кривичниот законик преку тежнеење за имплементација на нови кривични дела поврзани со повредата на правото на здрава животна средина, како и формирањето на Платформа за еколошка правда во која членуваат клучни институции и организации.

Во вториот дел од настанот говорници беа авторите на анализата, правниот експерт, Југослав Ѓоргиевски, Жарко Хаџи Зафиров – програмски раководител на ЦПИА, како и Ирена Шентевска од Сектор за заштита на животната средина во Град Скопје и Дарко Блинков од Државен инспекторат за животна средина.

Во овој дел беа подетално презентирани главните поенти на Анализата, при што
Југослав Ѓоргиевски накратко упати на релативно ослабнатиот систем на инспекциски надзор, како резултат на неконзистентна отчетност помеѓу централните и локалните органи за инспекциски надзор. Тој наведе дека постојат и големи недостатотци во организацијата на техничките и кадровските капацитети, што дополнително ги отежнуваат активностите на инспекторите при теренска работа, наведувајќи дека што е можно поскоро треба да се направи ревидирање на целиот систем на инспекциски надзор, како и детална функционална анализа на локалните капацитети. Ирина Шентевска од Град Скопје се согласи со забелешките на Ѓоргиевски и истакна дека на локалните инспектори за животна средина потребна им е и поголема институционална заштита во делот на унапредување на условите за теренска работа.

Жарко Хаџи Зафиров, еден од авторите на анализата и модератор на настанот, ја нагласи важноста од почитувањето на правото на здрава животна средина, како право загарантирано во Уставот на државата во член 43, јасно нагласувајќи дека државата е надлежна постојано да ја исполнува обврската за заштита на тоа право. Тој истакна дека улогата на локалните инспекциски служби во делот на преземање активности за обезбедување на здрава животна средина е значајна, вклучувајќи го секако и Државниот инспекторат, од аспект на можноста и потребата на граѓаните да се обратат до надлежната општина за прашања и проблеми поврзани со животната средина.

Дарко Блинков од Државниот инспекторат за животна средина накратко изрази загриженост во однос на диспропорцијата за исполнетоста на човечките ресурси во делот на овластените инспектори за животна средина во општините, укажувајќи на потребата од поголема координираност и меѓуопштинаска соработка за целосно искористување на постоечките капацитети. Како дополнителен недостаток Блинков ја наведе кадровската политика од аспект на соодветноста на образованието кое го имаат овластените инспектори за животна средина.

Во делот на отворената дискусија присутните заклучија дека е потребна заедничка заложба од страна на сите релевантни институции, без одложување на потребните активности, со цел воспоставување на ефикасен локален инспекциски надзор. Во овој дел беа дискутирани конкретните заклучоци кои произлегуваат од анализата на капацитетите на инспекциските служби, кои опфаќаат дека:

  • Инспекциските служби се целосно неекипирани, како кадровски така и технички со неопходни средства и возила и недоволно спроведени соодветни обуки.
  • Нема законски механизам на отчетност и координација на централните и локалните инспектори.
  • Инспекцискиот совет предизвикува дополнителни административни обврски што претставува дополнителен товар за инспекторите во нивното работење.
  • Постои потреба од менување на системот на инспекциски надзор во животната средина со што ќе се поедностави неговото спроведување преку давање на оваа надлежност на Државниот инспекторат за животна средина и на централно и на локално ниво.

Подготвената анализа ќе биде испратена и споделена до сите релевантни и засегнати чинители во процесот на заштита на животната средина преку Платформата за еколошка правда, со цел клучните забелешки и соодветните предлози да бидат достапни на креаторите на политики и да најдат соодветна примена во идните процеси посветени на заштитата на животната средина.

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher