Asset Publisher

Публикации

Asset Publisher

Презентација на Индексот за конкурентност и иновации на Западен Балкан

Мерење на иновациите за одржлив и паметен раст

На 27 мај во Скопје, Центарот за истражување и креирање политики, во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер организираше настан посветен на конкурентноста, иновациите и дигиталната трансформација во земјите од Западен Балкан, на кој беше презентиран Индексот за конкурентност и иновации на Западен Балкан.

Ден на Европа 2026

Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа

На 20 мај 2026 година во Скопје се одржа конференцијата „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“, организирана од Фондацијата Конрад Аденауер (КАС), Европското движење во Република Северна Македонија и Вилфрид Мартенс Центарот за Европски Студии. Настанот беше организиран во рамки на одбележувањето на Денот на Европа – 9 Мај и претставуваше платформа за дискусија за актуелните европски предизвици, процесот на проширување на Европската Унија и улогата на младите во иднината на Европа.

Меѓурелигиски час

Улогата на теологот во 21-от век: Предизвици и Компетенции

Во рамки на проектот „Меѓурелигиски час“, беше реализирана значајна студиска посета на две исклучително важни локации како од културен така и од верски аспект во Скопје – Храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ и Џамијата „Султан Мурат“. Овој настан претставуваше уште еден чекор кон продлабочување на меѓурелигиското разбирање и градење доверба меѓу младите теолози во земјата.

Зимскиот универзитет на ЕДС 2026

Визија за младите 2030 – Западен Балкан, стабилност и ВИ во образованието

Зимскиот универзитет на Европските Демократски Студенти (ЕДС) 2026 на тема „Визија за младите 2030 – Западен Балкан, стабилност и ВИ во образованието“, во организација на КАС, ЕДС и Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, се одржа во периодот од 26 до 29 март во Скопје.

Регионални безбедносни предизвици во контекст на глобалните геополитички промени

Регионална школа за безбедност 2026

Од 12 до 14 март 2026 година во Охрид, Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Центарот за Европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, ја организираше Регионалната школа за безбедност 2026. Тридневниот настан студенти, младите професионалци и експертите од три земји од регионот – Северна Македонија, Бугарија и Србија, кои имаа можност да дискутираат за актуелните безбедносни предизвици во контекст на глобалните геополитички промени.

Етички дилеми и вештачка интелигенција во новинарството

Работилница

Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) во соработка со Центарот за Европски студии Вилфред Мартенс од Брисел и ЗНМ организираше обука на тема „Етички дилеми и вештачка интелигенција во новинарството“, посветена на практичната и етичката примена на вештачката интелигенција (ВИ) во новинарството, која се одржа од 26 до 28 февруари 2026 година во Штип.

Прирачник за локални избори во Република Северна Македонија 2025 година

Второ дополнето издание

Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија Социетас Цивилис од Скопје го подготвија второто дополнето издание на Прирачникот за локални избори во Република Северна Македонија 2025 година.

Анализа на јавното мислење за пристапувањето на Северна Македонија во Европската унија (2014–2025)

Фондацијата Конрад Аденауер и Вилфирд Мартенс Центарот за Европски студии во соработка со Институтот за демократија Социетас Цивилис од Скопје ви го претставуваат истражувањето “Анализа на јавното мислење за пристапувањето на Северна Македонија во Европската унија (2014–2025)” на авторот Иван Дамјановски.

Нови глобални неизвесности, стари европски обврски: јавното мислење за пристапувањето во ЕУ во 2025 година

Фондацијата Конрад Аденауер и Вилфрид Мартенс Центарот за Европски Студии во соработка со Институтот за демократија Социетас Цивилис од Скопје ви го претставуваат истражувањето “Нови глобални неизвесности, стари европски обврски: јавното мислење за пристапувањето во ЕУ во 2025 година“ на авторите Анамарија Велиновска и Кире Милковски.

Политичка мисла бр.71

Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија "Societas Civilis"-Скопје би сакале да ви го претстават 71-вото издание на списанието Политичка мисла.