Asset Publisher

Публикации

Asset Publisher

ПОЛИТИКА И РЕТОРИКА

Публикацијата “Политика и реторика” е заеднички труд на доц. Д-р Александар Спасеновски и Д-р Јован Андоновски кое настојува понатаму да го разјасни односот политика– реторика, разработувајќи го истиот во еден општ(теоретски) контекст, но и во конкретна (практична) смисла преку примерот со Република Македонија (РМ).

МЕЃУРЕЛИГИСКИ ЧАС

Поттикнување на дијалог и соработка

На 27 ноември во Скопје, се одржа Меѓурелигискиот час за втората генерација студенти по теологија од Православниот богословски факултет и Факултетот за исламски науки.

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА УЧЕНИЧКОТО УЧЕСТВО ВО ПРОЦЕСОТ НА ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ

КОНФЕРЕНЦИЈА

Фондацијата Конрад Аденауер и Здружението LEAD на 20.11.2017 година ја организираа конференцијата за зајакнување на ученичкото учество во процесот на донесување на одлуки во средните училишта во Македонија.

ЈАКНЕЊЕ ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА ВО СФЕРАТА НА УПРАВУВАЊЕ СО ВОДИ

СЕМИНАР

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Машинскиот Факулет-Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје и Градежниот Факултет при Универзитетот Аристотелис од Солун организираа студентска размена во Дојран од 16-18 ноември.

KAS SCHOLAR INITIATIVE

Со целосна поддршка во процесот на планирање и реализирање, стипендистите на КАС организираа семинар со наслов “Economy-Education-Employment” кој се одржа од 9 до 12 ноември во Пеќ, Косово.

ПОЛИТИЧКА МИСЛА Бр.53

Институтот за демократија Социетас Цивилис и фондацијата Конрад Аденауер во Република Македонија ви го претставуваат 53-тото издание на списанието Политичка мисла.

Прирачник за локални избори 2017 во Република Македонија

Овој прирачник дава осврт на локалните избори 2017, кратка историја за претходните локални избори во Македонија, но и за изборниот систем за локални избори и информации за кандидатите за градоначалници.По изборите прирачникот ќе биде надополнет со второ издание кое ќе содржи информации за конечните резултати, како и за текот на кампањата.Публикацијата е достапна на македонски, англиски и албански јазик и може бесплатно да се превземе од нашата веб-страна.

ПОЛИТИЧКА АКАДЕМИЈА 2017

ЈАКНЕЊЕ НА ДЕМОКРАТИЈАТА НА ЛОКАЛНО НИВО

Од 16 до 17 септември во хотел Мериот се одржа Политичката академија 2017. Настанот е организиран од страна на Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Институтот Павел Шатев.

РЕГИОНАЛНА ЛЕТНА ШКОЛА ЗА БЕЗБЕДНОСТ 2017

Од 29 септември до 1 октомври, КАС во соработка со Факултетот за безбедност-Скопје и Центарот за истражување и креирање политики ја организираше регионалната Летна школа за безбедност 2017. Проектот е поддржан од „Вилфред Мартенс“ Центарот за европски студии од Брисел.

СОВРЕМЕНИ ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМИ

Учебникот „Современи политички системи“ е колективен и сеопфатен труд на проф. д-р Саво Климовски, проф. д-р Тања Каракамишева Јовановска и на доц д-р Александар Спасеновски, од катедрата по Уставно право и политички систем на Правниот факултет “Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Учебникот е изработен со поддршка на Фондацијата Конрад Аденауер.