Asset Publisher

Публикации

Asset Publisher

Младинските политики во Западен Балкан и ЕУ

Регионалнo истражување

Фондaцијата Конрад Аденауер во партнерство со Вилфрид Мартенс Центарот за Европски студии го најавува своето најново истражување со наслов: Младинските политики во Западен Балкан и ЕУ.

МУЛТИРЕЛИГИСКИ КАЛЕНДАР 2021

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со петте верски заедници во Република Северна Македонија го објавува Мултирелигискиот Календар 2021.

Односите со јавноста и интеркултурализмот: комуникација и информирање за Охридскиот рамковен договор

Во издание на претставништвото на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје излезе од печат публикацијата со наслов „Односите со јавноста и интеркултурализмот: комуникација и информирање за Охридскиот рамковен договор“ на авторката д-р Марина Тунева.

Подобрување на безбедноста на новинарите преку измена на кривичниот законик

Aнализа на меѓународни стандарди и домашна регулатива

Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) во соработка со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) подготвија публикација со наслов “Подобрување на безбедноста на новинарите преку измена на кривичниот законик-анализа на меѓународни стандарди и домашна регулатива”.

Управување со гранични води

Mожности за соработка во справувањето со предизвиците

Публикација во издание на Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел.

Безбедноста и КОВИД-19:

Политичко-безбедносен систем, регионални безбедносни предизвици, нови државни актери пред и за време на пандемијата

Во издание на Канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје и Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола излезе од печат публикацијата со наслов „Безбедноста и КОВИД-19: политичко-безбедносен систем, регионални безбедносни предизвици, нови државни актери пред и за време на пандемијата” во коавторство на тројца универзитетски професори и експерти по безбедност, односно Проф. Марјан Ѓуровски од Факултетот за Безбедност-Скопје, Проф. Драган Џукановиќ од Факултетот за политички науки од Белград и Проф. Татјана Дронзина од факултетот за политички науки при Софискиот универзитет.

Политичка мисла бр.60

Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија „Социетас Цивилис„-Скопје ви го претставуваат 60-тото издание на списанието Политичка мисла.

РЕГИОНАЛНА ШКОЛА ЗА БЕЗБЕДНОСТ 2020

Новата агенда на ЕУ во контекст на регионалниот безбедносен комплекс

Од 26 ноември до 2 декември, КАС во соработка со Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола ја организираше Регионалната школа за безбедност 2020. Проектот е поддржан од „Вилфред Мартенс“ Центарот за европски студии од Брисел.

North Macedonia at a Glance

Публикација за Северна Македонија

Во публикацијата се содржани информации и факти поврзани со Северна Македонија. Од историски факти до приказ на политичкиот систем и уредување: публикацијата дава приказ на бројни аспекти поврзани со земјата, како секојдневниот живот, економијата, образованието, надворешните односи, културата и уметноста, традицијата, гастрономијата итн.

Перцепции за позицијата на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија

доверба на верниците, релации со државата, патот до автокефалност

Фондацијата „Конрад Аденауер”во соработка со Институтот за политички истражувања – Скопје и интернет порталот „Религија.мк“ го продолжуваат проектот за следење на перцепцијата на граѓаните за религијата и нејзината улога во мултиконфесионалните општества.