Настани - КАНЦЕЛАРИЈА НА ФОНДАЦИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Derzeit sind keine Veranstaltungen geplant.
Workshop
ausgebuchtРегионална студентска размена
Прекугранична соработка и размена на искуства за обновливи извори на енергија – управување со води и фотоволтаични системи и технологии
Од 05 до 07 април во Дојран, Фондацијата Конрад Аденауер во заедничка соработка со Машинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје и Градежен факултет при Универзитетот Аристотелис од Солун, организира регионална студентска работилница на тема “Прекугранична соработка и размена на искуства за обновливи извори на енергија – управување со води и фотоволтаични системи и технологии”.
Workshop
ausgebuchtСтратешко планирање за политички промени 2024
Работилница
Во рамки на богатата соработка, КАС и ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ организираат тридневен настан наменет за највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и членовите на Извршниот комитет, со цел дискусии и стратешко планирање за активностите на ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период. Настанот ќе се одржи од 23 до 25 февруари во Велес.
Workshop
ausgebuchtЗајакнување на капацитетите на пратениците
Успешни стратегии и предизвици
Тренинг-семинар на високо ниво, наменет за пратениците во македонското Собрание од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.
Workshop
ausgebuchtПолитичка академија 2024
Важноста на ефективната комуникација во градењето успех
Фондацијата Конрад Аденауер и Партискиот истражувачко-аналитички центар „Љубиша Георгиевски“ од 09 до 11 февруари во Крушево ја организираат Политичката академија 2024 насловена како „Важноста на ефективната комуникација во градењето успех“.
Workshop
ausgebuchtИскористете ја моќта на Chat GPT 3.5 и 4.0 во вашиот секојдневен живот и работа
Тренинг наменет за стипендистите на КАС
Фондацијата Конрад Аденауер организира еднодневен тренинг со наслов “Искористете ја моќта на Chat GPT 3.5 и 4.0 во вашиот секојдневен живот и работа”, наменет за јакнење на капацитетите на млади професионалци и студенти кои се дел од мрежата на стипендисти на КАС. Активноста ќе се одржи во просториите на Фондацијата и има за цел да ги обучи учесниците за практична и ефективна примена на придобивките од Chat GPT 3.5 и 4.0 во нивниот секојдневен и професионален живот, укажувајќи на неговите можности, ограничувања и најдобра пракса.
Event
ausgebuchtГрадење успех на локално ниво: Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа
Обука за градоначалници
Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Партискиот истражувачко-аналитички центар „Љубиша Георгиевски“ на 28 Октомври во Скопје, организира еднодневен тренинг-семинар за градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Градење успех на локално ниво: Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа“.
Seminar
ausgebuchtПолитичка академија 2023: „Лидери за иднината“
Финален модул на Политичката академија
Фондацијата Конрад Аденауер и Партискиот истражувачко-аналитички центар „Љубиша Георгиевски“ на 28 и 29 октомври во Скопје го организираат финалниот модул на Политичката академија на тема „Економското лидерство во Европа за време на руската воена агресија во Украина“.
Diskussion
Катедра Аденауер 2023
ЕУ и НАТО на Западен Балкан во контекст на новите политички и безбедносни предизвици
На 19 октомври, со почеток од 11.00 часот на Правниот факултет во Штип, Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, Академијата за Европски интеграции од Скопје и Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ја организираат „Катедра Аденауер 2023“ на тема „ЕУ и НАТО на Западен Балкан во контекст на новите политички и безбедносни предизвици“.
Diskussion
Кинеското влијание врз процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ: синергии и пречки
Панел дискусија и промоција на публикација
Фондацијата Конрад Аденауер, Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел и Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности ЕСТИМА ќе промовираат заедничка публикација на тема “Кинеското влијание врз процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ: синергии и пречки“.
Diskussion
Катедра Аденауер 2023
Повторно за Балканот - Помеѓу трансатлантскиот сојуз и надворешните влијанија во поглед на руската агресија во Украина
На 17 октомври, со почеток од 11.30 часот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, Академијата за Европски интеграции - Скопје и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола ја организираат овогодишната „Катедра Аденауер 2023“ на тема „Повторно за Балканот - Помеѓу трансатлантскиот сојуз и надворешните влијанија во поглед на руската агресија во Украина“.