Настани

Derzeit sind keine Veranstaltungen geplant.

Diskussion

Натанаел Лимински во официјлна посета на Северна Македонија

30 Години македонско-германски дипломатски односи

Workshop

ausgebucht

Дезинформации во онлајн медиумите – практики и решенија

Работилница

Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) заедно со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) организираат работилница за унапредување на вештините на новинарите во контекст на дезинформации во онлајн медиумите која ќе се одржи од 02 до 04 март 2023 година во Струмица.

Diskussion

Македонската модерна центар-десница и предизвиците поврзани со животната средина

Промоција на публикација и панел дискусија

Фондацијата Конрад Аденауер организираа панел дискусија за промоција на публикацијата со наслов “Македонската модерна центар-десница и предизвиците поврзани со животната средина” во авторство на д-р Даме Димитровски, Дејан Димитриев и Радован Спиридонов.

Event

КОНФЕРЕНЦИЈАТА ВО ВАНЗЕ

ФИЛМ

Оваа година се навршуваат 80 години од депортацијата на Евреите од Македонија во центарот за убивање Треблинка во окупирана Полска. И Евреите од Македонија како и Евреите ширум Европа беа жртви на таканареченото конечно решение на еврејското прашање во неговата најгруба форма. Во рамки на одбележувањето на овој трагичен настан како и по повод Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот на 27 јануари и годишнината од Конференцијата во Ванзе од 20 јануари 1942 година, го прикажуваме филмот „Конференцијата во Ванзе“ (2022) во соработка со Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Гете институтот и Еврејската заедница во Република Македонија.

Event

ausgebucht

Младинска политичка академија

Западен Балкан во контекст на актуелните безбедносни и економски предизвици по руската агресија на Украина

КАС во соработка со Унијата на Млади Сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ и Европските Демократски Студенти (ЕДС) од 01 до 04 декември во Скопје ja организираат Младинска политичка академија на тема „Западен Балкан во контекст на актуелните безбедносни и економски предизвици по руската агресија на Украина“.

Diskussion

Разбирање на алатките, наративите и влијанието на кинеската „мека моќ” во Северна Македонија

Панел дискусија и презентација на анализа

Фондацијата Конрад Аденауер и Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности ЕСТИМА ќе ја промовираат анализата на тема “Разбирање на алатките, наративите и влијанието на кинеската „мека моќ” во Северна Македонија”, во авторство на д-р Ана Крстиновска.

Workshop

ИГРИФИКАЦИЈА

Можност или пречка во образованието?

Додека дигиталната технологија се развива, индустријата на игри станува се поголема, а младите се повеќе ги користат истите, важно е да развиеме дискусија за тоа дали овие трендови претставуваат пречка или можат да бидат искористени како можност за раст и развој на младите.

Forum

6. Македонско-германски форум

Европската економија под притисок по руската инвазија во Украина

На 02 ноември, Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Македонско-Германското стопанско здружение и Институтот за демократија "Socetas Civilis"-Скопје го организираат 6. Македонски-германски форум “Европската економија под притисок по руската инвазија во Украина”.

Seminar

ausgebucht

Политичка академија 2022

Стратегија и визија во време на криза

КАС во соработка со ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ ја организира овогодишната Политичка академија на тема „Стратегија и визија во време на криза“ со учество на највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Event

Војната во Украина и влијанијата на надворешни актери – безбедносни предизвици за Европа и регионот

Регионална конференција

Фондацијата Конрад Аденауер во заедничка соработка со Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје организира регионална конференција на тема “Војната во Украина и влијанијата на надворешни актери – безбедносни предизвици за Европа и регионот”, која ќе се одржи на 26 октомври во Хотелот Хилтон во Скопје со почеток во 09:30 часот.

Катедра Аденауер 2020

Постизборни предизвици и ЕУ перспективи

Од 17 септември до 02 октомври претставништвото на фондацијата Конрад Аденауер во Скопје (КАС) во соработка со Вилфрид Мартенс центар за европски студии од Брисел, организираа три експертски панел дискусии во Скопје, Штип и Битола.

KAS/Marco Urban

Die Zukunft der Erweiterungspolitik und die transatlantische Partnerschaft

Westbalkan Botschafterkonferenz in Berlin

Unter strengen Hygienevorschriften fand am 7. September in Berlin im Rahmen der deutschen EU-Ratspräsidentschaft die 5. Westbalkan-Botschafterkonferenz der Konrad-Adenauer-Stiftung statt.

Вебинар: “Новинарството во време на пандемија, вонредна состојба и карантин“

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Здружението на новинарите на Македонија од 26 до 28 мај организираа вебинар на тема: „Новинарството во време на пандемија, вонредна состојба и карантин - Предизвици, одговорност и период на промени и прилагодување“.

Он лајн работилница: Управување со дигитални медиуми

На 23 и 24 Април Фондацијата Конрад Аденауер организираше он лајн дводневна работилница на тема: Управување со дигитални медиуми, која ја водеa Љупка Наумовска, Професор на Универзитетот за Туризам и Менаџмент – Скопје и директор и основач на Маркетинг агенција Honeybiz, како и Јури Шнолер (Juri Schnöller), Ко-основач и извршен директор на Cosmonauts & Kings.

KAS/Marco Urban

Vertiefung und Erweiterung der EU sind keine Gegensätze

4. Westbalkan-Botschafterkonferenz

Alljährlich lädt die Konrad-Adenauer-Stiftung zur Westbalkan-Botschafterkonferenz ein. Ziel ist es, eine Plattform zu bieten für einen offenen und vertraulichen Dialog zwischen hochrangigen politischen Entscheidungsträgern aus Bundestag, Europäischem Parlament und Bundesregierung auf der einen, sowie Vertretern des diplomatischen Corps auf der anderen Seite.

IV РЕГИОНАЛНА ЛЕТНА ШКОЛА

ОПШТЕСТВОТО И РЕЛИГИЈАТА: ЕТНИЧКИ ГРУПИ, ИДЕНТИТЕТ И НАЦИОНАЛИЗАМ

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со "Вилфрид Мартенс" Центарот за Европски студии, четврта година по ред ја организираа Регионалната летна школа 2019 на тема "Општеството и религијата: Етнички групи, идентитет и национализам"

МЕЃУРЕЛИГИСКИ ЧАС

Овој проект инициран од Фондацијата Конрад Аденауер се реализира во блиска соработка со Православниот Богословски Факултет и Факултетот за Исламски Науки.

Гордана Силјановска оствари посета на канцеларијата на КАС

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ г-ѓа Гордана Силјановска ја посети канцеларија на фондацијата и оствари средба со претставникот на КАС г-дин Јоханес Д. Раи. Тие имаа можност да дискутираат за тековните предизвици во земјата, за реформските процеси и за претстојните претседателски избори.

II МАКЕДОНСКО ГЕРМАНСКИ ФОРУМ

Македонија и Германија имаат тесна и длабока соработка и одлични економски односи, а тоа е стабилна основа која ќе не држи и во иднина, беше оценето на Вториот македонско-германски форум „Градиме мостови-политики и економија“ што се одржа во Скопје во организација на фондацијата „Конрад Аденауер“ и Институтот за општествени истражувања – МК 91. Форумот се организираше по повод 25 годишнината од воспоставување на билатерални односи помеѓу двете земји.

УЛОГАТА НА ЦИВИЛНОТО ОПШТЕСТВО ПРИ ПРОЦЕСОТ НА ИНТЕГРАЦИЈА ВО НАТО И ЕУ

Панел дискусија

На 20 септември во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Инстиутот за демократија "Социетас цивилис" се одржа панел дискусијата „Улогата на цивилното општество при процесот на интеграција во НАТО и ЕУ“ на која како почесни гости учествуваа г-а Урсула фон дер Лајен, министер за одбрана на Сојузна Република Германија и г-ѓа Радмила Шекеринска, министер за одбрана на Република Македонија.