Настани

Derzeit sind keine Veranstaltungen geplant.

Workshop

Гласот на жените во пратеничката група – Професионализирање на работата на жените во Собранието

Како дел од нашите активности за јакнење на капацитетите на македонската парламентарна демократија и плурализам, Фондацијата Конрад Аденауер организира еднодневна работилница за парламентарките од Пратеничката група на ВРМО-ДПМНЕ. Иницијативата има за цел да ги поддржи жените парламентарки во нивните напори за преземање активна улога во законодавната власт, предлагајќи политики за родова еднаквост и женски права.

Workshop

ausgebucht

Работилница: Професионализам во онлajн медиуми – предизвици, можности и практики

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) организира работилница со наслов „Професионализам во онлајн медиумите - предизвици, можности и практики“ што ќе се одржи во Охрид. Многу важен фактор во системот за саморегулација е медиумите да ги почитуваат етичките стандарди во нивната работа. Во оваа насока, најдобрите етички практики ќе бидат презентирани на учесниците за време на работилницата и преку дебата ќе се идентификуваат најдобрите и финалните критериуми за избор на онлајн медиуми кои ќе можат да се приклучат на Регистарот на професионални онлајн медиуми. Овој регистар ќе биде создаден од ЗНМ, Советот за етика на медиуми и Стопанската комора. Обучувачите на работилницата се многу искусни на овие теми и нивното знаење за етичкото известување и саморегулирање на медиумите, како и правни аспекти во кои работат медиумите може да помогнат на онлајн медиумите да стекнат дополнителни знаења како подобро да работат во оваа правна рамка. Имајќи го ова во предвид крајната цел на оваа работилница е да имаме уште попрофесионални медиуми, да се направи јасна разлика помеѓу професионалните и непрофесионалните медиуми и конечно да се допринесе кон подобра информирана јавност. Овој процес треба да помогне да се врати довербата на јавноста во медиумите.

Forum

III. Македонско – германски форум

"Перспективите за проширување по Европскиот совет? Улогата на Собранието во пристапниот процес на Севeрна Македонија и релациите со Европскиот парламент"

Во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за Демократија „Социетас цивилис“ – Скопје

Diskussion

ausgebucht

Дијалог за соработка во областа на европските интеграции и пристапните преговори

Со оглед на недостигот на експертиза што реално ќе и недостасува на Северна Македонија во пристапните преговорите, од клучно значење за државата е користењето на експертиза од регионот. Во тој контекст држава која успешно го финализирала овој процес во поновата историја е Бугарија. Имајќи ја предвид новата позитивна динамика на билатералните односи меѓу двете земји, експерти од Бугарија би можеле да имаат позитивно влијание за поттикнување на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ преку обезбедување на знаења и искуства. Целта на овој настан е да се отвори дијалог помеѓу претставници од академската сфера, експерти, политичари, новинари како и претставници на невладини организации кои имаат за цел да го зајакнат капацитетот на земјата во пристапните преговори.

Seminar

Регионална школа за безбедност 2019

Хибридни закани и нивното влијание на демократијата – можности за регионална соработка

Во соработка со Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел Фондацијата Конрад Аденауер заедно со Факултетот за безбедност-Скопје и Центарот за Истражување и креирање политики организира Регионална школа за безбедност 2019. Иницијативата вклучува студенти и професори од Факултетот за безбедност-Скопје, Универзитетот Македонија од Солун и Универзитетот Св. Климент Охридски од Софија. Обработувајќи теми кои се од заеднички интерес проектот има за цел да поттикне соработка и размена помеѓу земјите од регионот, посебно помеѓу младите како идни експерти и носители на одлуки. Исто така, соработката помеѓу универзитетите од Северна Македонија, Бугарија и Грција ќе даде позитивен пример на политиката, а со тоа и позитивна рефлексија на билатералните и мултилатералните релации помеѓу земјите во регионот.

Workshop

ausgebucht

I. Регионална Политичка младинска академија – Предизвици на Европската демократија

во соработка со Вилфред Мартенс Центарот за Европски Студии од Брисел

Постојат многу организации кои ги поврзуваат младите луѓе од регионот. Но сепак не постои иницијатива што ги поврзува раководствата на младинските организации на партнерските партиите на КАС во регионот. Важно е да се разбере дека овие луѓе ќе ги водат своите земји во следните неколку децении. Поради ова тие треба да го запознаат својот регион во однос на економијата, општеството, енергијата, безбедноста и сл. Основната цел на оваа регионална Политичка младинска академија е да создаде контакти помеѓу младите лидери кои припаѓаат на семејството на Европските народни партии и да ги охрабри да размислуваат низ призмата на целиот регион и во духот на евроатлантското пријателство и вредности. Темите што ќе се дискутираат за време на академијата ќе се однесуваат на предизвиците на европската демократија, иднината на проширувањето и соседската политика, иднината на трансатлантските односи и безбедноста, економијата, културната размена, регионалната соработка и др.

Workshop

Програма за развој на вештини на наставници

ИНСПИРИРАЈ РАЗВОЈ!

Фондацијата Конрад Аденауер и LEAD организираат тримесечна програма за развој на вештини на наставници. Програмата е одобрена од страна на Министерството за образование и наука.

Event

НАЦИОНАЛЕН МЛАДИНСКИ ХАКАТОН - ЗАПРИ ГО ОДЛИВОТ НА „МЛАДИ МОЗОЦИ“!

Здружението LEAD, во соработка со фондацијата Конрад Аденауер и Вилфрид Мартенс Центарот за Европски студии објавува повик за учесници на хакатон за спречување на одливот на „млади мозоци“ кој ќе се одржи од 17 до 19 мај во Охрид, како продолжение на регионалниот настан кој се одржа во 2018 година на истата тема.

Seminar

ausgebucht

Brücken Bauen

Von Nachbarn zu strategischen Partnern

Regionale Jugendinitiative: “Brücken Bauen 2019 - Von Nachbarn zu strategischen Partnern”

Workshop

ausgebucht

Cross-Border Cooperation in Water Management Field

The KAS together with the Faculty of Mechanical Engineering at the Ss. Cyril and Methodius University of Skopje and the School of Civil Engineering at the Aristoteles University of Thessaloniki from 04-07 April 2019 organized a regional student workshop.

Дезинформации во онлајн медиумите – практики и решенија

Работилница

Од 02 до 04 март во Струмица се одржа дводневна работилница во организација на КАС и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) со наслов „Дезинформации во онлајн медиумите – практики и решенија“ на која учество земаа новинари од повеќе од 30 онлајн медиуми од целата земја.

Тркалезна маса

Религијата во образованието – искуства и предизвици

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Асоцијацијата на професори по Eтика во религиите организираше тркалезна маса на 16 февруари во Скопје на тема „Религијата во образованието - искуства и предизвици“ на која присуствуваа лидерите на верските заедници, пратеници и експерти на темата од академијата и општеството.

Обука за личен маркетинг за актуелните КАС стипендисти

На 21 декември 2022 Фондацијата Конрад Аденауер спроведе обука за личен маркетинг наменета за актуелните КАС стипендисти, со цел поддршка и унапредување на нивните компетенции и персоналните вештини во насока на подобра и поквалитетна себе-промоција.

Новата реалност во училиштата - создавање можности со иновации и дигитални решенија

На 17. декември се одржа семинар на тема “Новата реалност во училиштата – создавање можности со иновации и дигитални решенија” наменета за професори по предметот Етика во религиите.

Младинска политичка академија

Западен Балкан во контекст на актуелните безбедносни и економски предизвици по руската агресија на Украина

КАС во соработка со Унијата на Млади Сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ и Европските Демократски Студенти (ЕДС) од 01 до 04 декември во Скопје ja организираа Младинската политичка академија на тема „Западен Балкан во контекст на актуелните безбедносни и економски предизвици по руската агресија на Украина“.

Политичка академија 2022

Стратегија и визија во време на криза

Од 28 до 30 октомври, КАС во соработка со ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ организираше уште една од серијата политички академии, овој пат наменета за највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ на тема: „Стратегија и визија во време на криза“. Овогодишната Политичка академија опфати стручни презентации и работилници предводени од бројни домашни експерти, меѓународни претставници, актуелни и поранешни политичари и теоретичари во врска со раководењето на процеси во време на кризи – од сите аспекти кои се актуелни во моментот.

Зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци

Обука

Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и канцелариите на Фондацијата Фридрих Еберт (FES) и Фондацијата Конрад Аденауер (KAS) во Скопје, спроведоа тридневна обука на темата „Зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци“ што се одржа од 23 до 25 септември 2022 година, во Охрид.

Создавање европска општина: Политика на интегритет за 0 корупција

Обука

На 6 септември во Општина Аеродром се одржа еднодневна обука за вработените во општината, како последна активност во рамки на заедничкиот проект „Создавање европска општина: Политика на интегритет за 0 корупција“ реализиран од страна на Фондацијата Конрад Аденауер, Правникот факултет „Јустинијан Први“ и Општина Аеродром.

Регионална Летна Школа 2022

Општество и Религија: Етнички групи, Идентитет и Национализам

Вечерта на 23 август се случи отворањето на регионалната летна школа “Општество и религија: етнички групи, идентитет и национализам”. На настанот учество земаа млади студенти од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Словенија.

Градиме мостови кон заедничка иднина: од соседи кон стратешки партнери

Билатерална македонско-бугарска средба на КАС стипендистите во Охрид, 01 - 03 јули

Во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, за време на првиот викенд од јули во прекрасниот Охрид, се одржа Билатерална македонско-бугарска средба на КАС стипендисти.