Настани

Diskussion

Натанаел Лимински во официјлна посета на Северна Македонија

30 Години македонско-германски дипломатски односи

Workshop

ausgebucht

Дезинформации во онлајн медиумите – практики и решенија

Работилница

Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) заедно со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) организираат работилница за унапредување на вештините на новинарите во контекст на дезинформации во онлајн медиумите која ќе се одржи од 02 до 04 март 2023 година во Струмица.

Diskussion

Македонската модерна центар-десница и предизвиците поврзани со животната средина

Промоција на публикација и панел дискусија

Фондацијата Конрад Аденауер организираа панел дискусија за промоција на публикацијата со наслов “Македонската модерна центар-десница и предизвиците поврзани со животната средина” во авторство на д-р Даме Димитровски, Дејан Димитриев и Радован Спиридонов.

Event

КОНФЕРЕНЦИЈАТА ВО ВАНЗЕ

ФИЛМ

Оваа година се навршуваат 80 години од депортацијата на Евреите од Македонија во центарот за убивање Треблинка во окупирана Полска. И Евреите од Македонија како и Евреите ширум Европа беа жртви на таканареченото конечно решение на еврејското прашање во неговата најгруба форма. Во рамки на одбележувањето на овој трагичен настан како и по повод Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот на 27 јануари и годишнината од Конференцијата во Ванзе од 20 јануари 1942 година, го прикажуваме филмот „Конференцијата во Ванзе“ (2022) во соработка со Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Гете институтот и Еврејската заедница во Република Македонија.

Event

ausgebucht

Младинска политичка академија

Западен Балкан во контекст на актуелните безбедносни и економски предизвици по руската агресија на Украина

КАС во соработка со Унијата на Млади Сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ и Европските Демократски Студенти (ЕДС) од 01 до 04 декември во Скопје ja организираат Младинска политичка академија на тема „Западен Балкан во контекст на актуелните безбедносни и економски предизвици по руската агресија на Украина“.

Diskussion

Разбирање на алатките, наративите и влијанието на кинеската „мека моќ” во Северна Македонија

Панел дискусија и презентација на анализа

Фондацијата Конрад Аденауер и Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности ЕСТИМА ќе ја промовираат анализата на тема “Разбирање на алатките, наративите и влијанието на кинеската „мека моќ” во Северна Македонија”, во авторство на д-р Ана Крстиновска.

Workshop

ИГРИФИКАЦИЈА

Можност или пречка во образованието?

Додека дигиталната технологија се развива, индустријата на игри станува се поголема, а младите се повеќе ги користат истите, важно е да развиеме дискусија за тоа дали овие трендови претставуваат пречка или можат да бидат искористени како можност за раст и развој на младите.

Forum

6. Македонско-германски форум

Европската економија под притисок по руската инвазија во Украина

На 02 ноември, Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Македонско-Германското стопанско здружение и Институтот за демократија "Socetas Civilis"-Скопје го организираат 6. Македонски-германски форум “Европската економија под притисок по руската инвазија во Украина”.

Seminar

ausgebucht

Политичка академија 2022

Стратегија и визија во време на криза

КАС во соработка со ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ ја организира овогодишната Политичка академија на тема „Стратегија и визија во време на криза“ со учество на највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Event

Војната во Украина и влијанијата на надворешни актери – безбедносни предизвици за Европа и регионот

Регионална конференција

Фондацијата Конрад Аденауер во заедничка соработка со Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје организира регионална конференција на тема “Војната во Украина и влијанијата на надворешни актери – безбедносни предизвици за Европа и регионот”, која ќе се одржи на 26 октомври во Хотелот Хилтон во Скопје со почеток во 09:30 часот.

МЕЃУРЕЛИГИСКИ ЧАС

На 18 декември се одржа вториот меѓурелигиски час помеѓу студентите од факултетите за богословија и за исламски науки на тема “Користењето на религијата во политичките кампањи”

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 25 ГОДИНИ МАКЕДОНСКО-ГЕРМАНСКА СОРАБОТКА

На 6 декември 2017 година под покровителство на Германската амбасада во Скопје се организираше специјалниот настан по повод 25 годишнината од успешната соработка помеѓу Македонија и Германија.

МЕЃУРЕЛИГИСКИ ЧАС

Поттикнување на дијалог и соработка

На 27 ноември во Скопје, се одржа Меѓурелигискиот час за втората генерација студенти по теологија од Православниот богословски факултет и Факултетот за исламски науки.

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА УЧЕНИЧКОТО УЧЕСТВО ВО ПРОЦЕСОТ НА ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ

КОНФЕРЕНЦИЈА

Фондацијата Конрад Аденауер и Здружението LEAD на 20.11.2017 година ја организираа конференцијата за зајакнување на ученичкото учество во процесот на донесување на одлуки во средните училишта во Македонија.

ЈАКНЕЊЕ ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА ВО СФЕРАТА НА УПРАВУВАЊЕ СО ВОДИ

СЕМИНАР

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Машинскиот Факулет-Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје и Градежниот Факултет при Универзитетот Аристотелис од Солун организираа студентска размена во Дојран од 16-18 ноември.

KAS SCHOLAR INITIATIVE

Со целосна поддршка во процесот на планирање и реализирање, стипендистите на КАС организираа семинар со наслов “Economy-Education-Employment” кој се одржа од 9 до 12 ноември во Пеќ, Косово.

ПОЛИТИЧКА АКАДЕМИЈА 2017

ЈАКНЕЊЕ НА ДЕМОКРАТИЈАТА НА ЛОКАЛНО НИВО

Од 16 до 17 септември во хотел Мериот се одржа Политичката академија 2017. Настанот е организиран од страна на Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Институтот Павел Шатев.

РЕГИОНАЛНА ЛЕТНА ШКОЛА ЗА БЕЗБЕДНОСТ 2017

Од 29 септември до 1 октомври, КАС во соработка со Факултетот за безбедност-Скопје и Центарот за истражување и креирање политики ја организираше регионалната Летна школа за безбедност 2017. Проектот е поддржан од „Вилфред Мартенс“ Центарот за европски студии од Брисел.

ПРЕДИЗВИЦИ И МОЖНОСТИ ЗА МЛАДИНСКИ ПОЛИТИКИ

Младински политики на локално ниво

Од 22 до 24 септември во Берово се одржа транинг семинарот посветен за предизвиците и можностите за младите луѓе на локално ниво во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Mazedonischer Außenminister zu Gast bei der Konrad-Adenauer-Stiftung

Am 06. September empfing der stellvertretende Generalsekretär der Konrad-Adenauer-Stiftung, Dr. Gerhard Wahlers, den mazedonischen Außenminister Nikola Dimitrov und eine hochrangige Delegation Mitarbeiter seines Ministeriums zum bilateralen Austausch.