Настани

Derzeit sind keine Veranstaltungen geplant.

Seminar

ausgebucht

Политичка академија 2021

Поттикнување на демократија на локално ниво – Градење на добри политики и стратегии за одржлив локален развој

На 1 и 2 септември, КАС во соработка со ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ организира хибридна обука за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници, носители на советничките листи и идни чинители на локално ниво, на тема Политичка академија 2021: „Поттикнување на демократија на локално ниво – Градење на добри политики и стратегии за одржлив локален развој “.

Workshop

ausgebucht

Иднината на медиумите - Младите новинари како шанса за нова ера на медиуми со интегритет и влијание

Работилница

Во организација на КАС и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во период од 22 до 24 јули 2021 година во Охрид ќе се одржи работилница на тема „Иднината на медиумите - Младите новинари како шанса за нова ера на медиуми со интегритет и влијание“.

Event

Tag der Konrad-Adenauer-Stiftung 2021

„Politik und Vertrauen“

Die Arbeit der Konrad-Adenauer-Stiftung im Kontext von Partizipation, Repräsentation, Sicherheit und Innovation

Seminar

ausgebucht

Законодавните политики наспроти економските, политичките и општествените предизвици од 2021

Зајакнување на капацитетите на пратениците

КАС во соработка со Партискиот истражувачко-аналитички центар ”Љубиша Георгиевски” од 28 до 30 мај во Охрид, организираат хибриден настан на тема “Законодавните политики наспроти економските, политичките и општествените предизвици од 2021 - Зајакнување на капацитетите на пратениците”.

Online-Seminar

Иднината на Европа и иднината на проширувањето

9 Мај – Денот на Европа

На 19 мај, КАС во соработка со Европското движење во Република Северна Македонија, Делегацијата на Европската унија и Европската куќа организираат хибриден настан на тема „Иднината на Европа и иднината на проширувањето“ како завршен настан со кој ќе се одбележи крајот на прославата на 9 мај, Денот на Европа 2021 година. Настанот ќе започне во 11:00 часот.

Event

Регионална школа за безбедност 2021:

Екстерните актери и нивното влијание на регионалната безбедност и евро-интегративниот процес на регионот Западен Балкан

во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола и Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс – Брисел.

Online-Seminar

Религијата во Образованието

Зошто е важно?

На 12 мај во 16:00 часот, КАС во соработка со Асоцијацијата на професори по Етика во Религиите организира настан на Zoom платформата на тема "Религијата во образованието - Зошто е важно?".

Diskussion

Стратегијата на Кина за Западен Балкан преку примерот со Црна Гора

Преку економски до политички импликации

Workshop

Жените во локалната политика

Kон повеќе родово-сензитивни политики на агендата на локалната самоуправа

Event

Од следач на правила до поставувач на правила?

Променетата глобална улога на Кина и импликациите за Западен Балкан

Дезинформации во онлајн медиумите – практики и решенија

Работилница

Од 02 до 04 март во Струмица се одржа дводневна работилница во организација на КАС и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) со наслов „Дезинформации во онлајн медиумите – практики и решенија“ на која учество земаа новинари од повеќе од 30 онлајн медиуми од целата земја.

Тркалезна маса

Религијата во образованието – искуства и предизвици

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Асоцијацијата на професори по Eтика во религиите организираше тркалезна маса на 16 февруари во Скопје на тема „Религијата во образованието - искуства и предизвици“ на која присуствуваа лидерите на верските заедници, пратеници и експерти на темата од академијата и општеството.

Обука за личен маркетинг за актуелните КАС стипендисти

На 21 декември 2022 Фондацијата Конрад Аденауер спроведе обука за личен маркетинг наменета за актуелните КАС стипендисти, со цел поддршка и унапредување на нивните компетенции и персоналните вештини во насока на подобра и поквалитетна себе-промоција.

Новата реалност во училиштата - создавање можности со иновации и дигитални решенија

На 17. декември се одржа семинар на тема “Новата реалност во училиштата – создавање можности со иновации и дигитални решенија” наменета за професори по предметот Етика во религиите.

Младинска политичка академија

Западен Балкан во контекст на актуелните безбедносни и економски предизвици по руската агресија на Украина

КАС во соработка со Унијата на Млади Сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ и Европските Демократски Студенти (ЕДС) од 01 до 04 декември во Скопје ja организираа Младинската политичка академија на тема „Западен Балкан во контекст на актуелните безбедносни и економски предизвици по руската агресија на Украина“.

Политичка академија 2022

Стратегија и визија во време на криза

Од 28 до 30 октомври, КАС во соработка со ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ организираше уште една од серијата политички академии, овој пат наменета за највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ на тема: „Стратегија и визија во време на криза“. Овогодишната Политичка академија опфати стручни презентации и работилници предводени од бројни домашни експерти, меѓународни претставници, актуелни и поранешни политичари и теоретичари во врска со раководењето на процеси во време на кризи – од сите аспекти кои се актуелни во моментот.

Зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци

Обука

Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и канцелариите на Фондацијата Фридрих Еберт (FES) и Фондацијата Конрад Аденауер (KAS) во Скопје, спроведоа тридневна обука на темата „Зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци“ што се одржа од 23 до 25 септември 2022 година, во Охрид.

Создавање европска општина: Политика на интегритет за 0 корупција

Обука

На 6 септември во Општина Аеродром се одржа еднодневна обука за вработените во општината, како последна активност во рамки на заедничкиот проект „Создавање европска општина: Политика на интегритет за 0 корупција“ реализиран од страна на Фондацијата Конрад Аденауер, Правникот факултет „Јустинијан Први“ и Општина Аеродром.

Регионална Летна Школа 2022

Општество и Религија: Етнички групи, Идентитет и Национализам

Вечерта на 23 август се случи отворањето на регионалната летна школа “Општество и религија: етнички групи, идентитет и национализам”. На настанот учество земаа млади студенти од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Словенија.

Градиме мостови кон заедничка иднина: од соседи кон стратешки партнери

Билатерална македонско-бугарска средба на КАС стипендистите во Охрид, 01 - 03 јули

Во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, за време на првиот викенд од јули во прекрасниот Охрид, се одржа Билатерална македонско-бугарска средба на КАС стипендисти.