Настани

Diskussion

Натанаел Лимински во официјлна посета на Северна Македонија

30 Години македонско-германски дипломатски односи

Workshop

ausgebucht

Дезинформации во онлајн медиумите – практики и решенија

Работилница

Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) заедно со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) организираат работилница за унапредување на вештините на новинарите во контекст на дезинформации во онлајн медиумите која ќе се одржи од 02 до 04 март 2023 година во Струмица.

Diskussion

Македонската модерна центар-десница и предизвиците поврзани со животната средина

Промоција на публикација и панел дискусија

Фондацијата Конрад Аденауер организираа панел дискусија за промоција на публикацијата со наслов “Македонската модерна центар-десница и предизвиците поврзани со животната средина” во авторство на д-р Даме Димитровски, Дејан Димитриев и Радован Спиридонов.

Event

КОНФЕРЕНЦИЈАТА ВО ВАНЗЕ

ФИЛМ

Оваа година се навршуваат 80 години од депортацијата на Евреите од Македонија во центарот за убивање Треблинка во окупирана Полска. И Евреите од Македонија како и Евреите ширум Европа беа жртви на таканареченото конечно решение на еврејското прашање во неговата најгруба форма. Во рамки на одбележувањето на овој трагичен настан како и по повод Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот на 27 јануари и годишнината од Конференцијата во Ванзе од 20 јануари 1942 година, го прикажуваме филмот „Конференцијата во Ванзе“ (2022) во соработка со Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Гете институтот и Еврејската заедница во Република Македонија.

Event

ausgebucht

Младинска политичка академија

Западен Балкан во контекст на актуелните безбедносни и економски предизвици по руската агресија на Украина

КАС во соработка со Унијата на Млади Сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ и Европските Демократски Студенти (ЕДС) од 01 до 04 декември во Скопје ja организираат Младинска политичка академија на тема „Западен Балкан во контекст на актуелните безбедносни и економски предизвици по руската агресија на Украина“.

Diskussion

Разбирање на алатките, наративите и влијанието на кинеската „мека моќ” во Северна Македонија

Панел дискусија и презентација на анализа

Фондацијата Конрад Аденауер и Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности ЕСТИМА ќе ја промовираат анализата на тема “Разбирање на алатките, наративите и влијанието на кинеската „мека моќ” во Северна Македонија”, во авторство на д-р Ана Крстиновска.

Workshop

ИГРИФИКАЦИЈА

Можност или пречка во образованието?

Додека дигиталната технологија се развива, индустријата на игри станува се поголема, а младите се повеќе ги користат истите, важно е да развиеме дискусија за тоа дали овие трендови претставуваат пречка или можат да бидат искористени како можност за раст и развој на младите.

Forum

6. Македонско-германски форум

Европската економија под притисок по руската инвазија во Украина

На 02 ноември, Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Македонско-Германското стопанско здружение и Институтот за демократија "Socetas Civilis"-Скопје го организираат 6. Македонски-германски форум “Европската економија под притисок по руската инвазија во Украина”.

Seminar

ausgebucht

Политичка академија 2022

Стратегија и визија во време на криза

КАС во соработка со ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ ја организира овогодишната Политичка академија на тема „Стратегија и визија во време на криза“ со учество на највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Event

Војната во Украина и влијанијата на надворешни актери – безбедносни предизвици за Европа и регионот

Регионална конференција

Фондацијата Конрад Аденауер во заедничка соработка со Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје организира регионална конференција на тема “Војната во Украина и влијанијата на надворешни актери – безбедносни предизвици за Европа и регионот”, која ќе се одржи на 26 октомври во Хотелот Хилтон во Скопје со почеток во 09:30 часот.

Поттикнување на женското лидерство и женското учество во политиката и демократијата

Панел дискусија

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Центарот за европски студии Вилфред Мартенс на 13 јуни во Скопје одржа панел дискусија на тема „Поттикнување на женското лидерство и женското учество во политиката и демократијата“ на која учество земаа жени активни учеснички во политиката и општеството од Северна Македонија но и од Европа.

Одбележување на Денот на Европа - 9 Мај

Демократијата во Европа – 30 години по Мастришкиот договор: Нови прашања за европската иднината и дилемите поврзани со проширувањето

На 19 мај во организација на КАС, Европското движење на Република Северна Македонија и Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел, се одржи манифестација во чии рамки се одбележа Денот на Европа – 9 Мај.

Ефективни зелени и економски политики на локално ниво - Создавање на модерни општини

Од 06 до 08 мај, КАС во соработка со ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ организираше обука за градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ на тема: „Ефективни зелени и економски политики на локално ниво - Создавање на модерни општини“. Овој настан опфати стручни презентации и работилници предводени од бројни домашни и странски експерти и теоретичари од областа на локалната самоуправа.

Попис 2021: Приказ на мултиетничкиот и мулти-религискиот карактер на општеството

На 09 мај се одржа дискусијата ”Попис 2021: Приказ на мултиетничкиот и мулти-религискиот карактер на општеството”. Настанот беше организиран од фондацијата Конрад Аденауер во блиска соработка со Православниот Богословски Факултет ”Св. Климент Охридски” и Факултетот за Исламски Науки од Скопје. Учество земаа околу четириесетина учесници, студенти по теолошки науки, претставници од верските заедници, експерти од областа на религијата и други заинтересирани кои заедно ги дискутираа резултатите од спроведениот попис.

Катедра Аденауер 2022 година

На 5 и 13 април, КАС во соработка со Центар за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел, Институтот за општествени истражувања - МК91 од Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип организираше две предавања во рамки на Катедрата Аденауер 2022 година.

Безбедност на онлајн медиуми

Работилница

КАС во соработка со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) организираше тридневна работилница за унапредување на вештините за дигитална безбедност на новинарите насловена како „Безбедност на онлајн медиуми“.

Актуелните безбедносни предизвици и ризици за Северна Македонија и регионот

Презентација на книга и академска дискусија

На 9 март Фондацијата Конрад Аденауер и Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола организираа академска дискусија на тема "Актуелните безбедносни предизвици и ризици за Северна Македонија и Регионот", во рамки на која промовирана публикација со наслов “Основи на безбедност – концепциски безбедносни пристапи” во авторство на проф. д-р Марјан Ѓуровски.

Војната во Украина и надворешно-политичките предизвици за ЕУ и Западен Балкан

Онлајн дискусија

На 10 март со почеток во 19:30 часот Фондацијата Конрад Аденауер организираше онлајн дискусија на тема: „Војната во Украина и надворешно-политичките предизвици на ЕУ и Западен Балкан“.

Презентација на Анализата на законската рамка и институционалните капацитети на локалните инспекциски служби за заштита на животната средина

На 15 февруари 2022 година се одржа презентација на „Анализата на законската рамка и институционалните капацитети на локалните инспекциски служби за заштита на животната средина“. Анализата е подготвена од страна на Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за правни истражувања и анализи.

Создавање на европска општина: политика на интегритет за нула корупција

На 08 февруари 2022 година, во просториите на општината Аеродром, се одржа прес конференција на која беше означен почетокот на реализацијата на проектот: „Создавање на европска општина: политика на интегритет за нула корупција“ кој Фондацијата „Конрад Аденауер“ го реализира во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“ и оваа скопска општина.