Настани - КАНЦЕЛАРИЈА НА ФОНДАЦИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Derzeit sind keine Veranstaltungen geplant.
Workshop
ausgebuchtСоздавање европска општина: Политика на интегритет за 0 корупција
Обука
КАС во соработка со Правниот факултет „Јустинија Први“ на 6 септември 2022 година организира еднодневна обука наменета за администрацијата во општина Аеродром, како последна активност во рамки на проектот „Создавање европска општина: политика на интегритет за 0 корупција“.
Seminar
ausgebuchtРегионална Летна Школа 2022
Општество и религија: Етнички групи, Идентитет и Национализам
Фондацијата Конрад Аденауер во блиска соработка со Центарот за Европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел ја организираат регионалната летна школа "Општество и религија: Етнички групи, Идентитет и Национализам". Настанот ќе се одржи во периодот од 23.-26. август 2022 во Скопје.
Event
Поттикнување на женското лидерство и женското учество во политиката и демократијата
Панел дискусија
Фондацијата Конрад Аденауер во партнерство со Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел на 13 јуни (понеделник) со почеток од 11.00 часот ја организираат панел дискусијата на тема „Поттикнување на женското лидерство и женското учество во политиката и демократијата“.
Event
Ден на Европа 2022
Одбележување на Денот на Европа - 9 Мај
Денот на европското обединување – 9 Мај, Европското движење во Република Северна Македонија во партнерство со Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел на 19 мај (четврток) со почеток од 11.00 часот ќе го одбележат со повеќе активности од работен и свечен карактер.
Seminar
ausgebuchtЕфективни зелени и економски политики на локално ниво - Создавање на модерни општини
Обука за градоначалници
Од 06 до 08 мај во Прилеп, КАС во соработка со ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ организира обука за градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ на тема: „Ефективни зелени и економски политики на локално ниво - Создавање на модерни општини“.
Event
Катедра Аденауер 2022
Безбедност, трговија и меѓународно право - можно влијание од руската агресија врз Украина
На 13 април, со почеток од 11.00 часот на Правниот факултет во Штип, Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, Институтот за општествени истражувања – МК91 од Скопје и Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип организираат хибриден настан „Катедра Аденауер 2022: Безбедност, трговија и меѓународно право - можно влијание од руската агресија врз Украина“
Seminar
ausgebuchtРегионална школа за безбедност 2022: Екстерните актери и нивното влијание на регионалната безбедност и евро-интегративниот процес на регионот Западен Балкан
во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола и Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс – Брисел
Event
Катедра Аденауер 2022
ЕУ по руската инвазија – нов потенцијал за забрзан пристапен процес на Западен Балкан?
На 05 април, со почеток од 11.30 часот во Офицерскиот дом во Битола, Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, Институтот за општествени истражувања – МК91 од Скопје и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола ја организираат „Катедра Аденауер 2022: ЕУ по руската инвазија – нов потенцијал за забрзан пристапен процес на Западен Балкан?“.
Workshop
ausgebuchtБезбедност на онлајн медиумите
Работилница
Во организација на КАС и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во период од 24 до 26 март 2022 година во Битола ќе се одржи работилница на тема „Безбедност на онлајн медиумите“.
Diskussion
Војната во Украина и надворешно-политичките предизвици за ЕУ и Западен Балкан
Онлајн настан
На 10 март со почеток во 19:30 часот во организација на Фондацијата Конрад Аденауер ќе се одржи онлајн-дискусија на тема "Војната во Украина и надворешно-политичките предизвици за ЕУ и Западен Балкан".